Претходно
Солени бисквити со овесни снегулки и сирење
Солените бисквити со овесни снегулки се навистина вкусни, а ако им додадете сирење тие ќе бидат одлични. Ако сте љубител на сирењето, тогаш овој вкусен и лесен рецепт е токму за вас. Овие бисквити можете да ги јадете во комбинација со маслинки, кашкавал или пијалаци како чај и кафе.
Потребни состојки:
- 125 г овесни снегулки
- 1 лажичка црн пипер
- 125 г крем сирење
- 700 г интегрално брашно
- 2 лажички ким
- 250 г путер
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте го сирењето и путерот за да добиете кремаста смеса.
- Во оваа смеса додадете ги овесните снегулки, брашното, кимот и црниот пипер. Треба да направите тесто.
- Потоа на рамна површина протегнете го тестото и исечете го по ваш избор (кругови, квадрати итн.) Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.
- Премачкајте ја хартијата за печење со путер и печете за 15 минути.
Погледнете го и овој рецепт за ладни сендвичи со краставица.