Сок по кој лудува целиот Холивуд: Топи килограми и го зајакнува имунитетот

Сок по кој лудува целиот Холивуд: Топи килограми и го зајакнува имунитетот

Еден од најпопуларните зелени рецепти доаѓа од холивудската кралица на здравата исхрана, Гвинет Палтроу. Таа им го препорачува овој пијалак од зелен зеленчук со цитрусни овошја за сите оние кои се борат со вишок килограми. Но, тоа што е најинтересно е дека не само што ќе ви помогне да ослабите, туку и ќе ви го зајакне имунитетот за време на ладната зима…

(1) Сок по кој лудува целиот Холивуд: Топи килограми и го зајакнува имунитетот

Потребни состојки:
  • 5 големи листови кељ, исчистени
  • 1 лимон, олупен
  • 1 големо јаболко, исчистено и исечкано
  • 2,5 сантиметри свеж ѓумбир
  • Неколку листови свежо нане

(2) Сок по кој лудува целиот Холивуд: Топи килограми и го зајакнува имунитетот

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и сипете околу 120 милилитри ладна вода. Прво пулсирајте сè додека не се смелат состојките, а потоа вклучете го на неколку минути или сè додека не се соединат состојките во форма на сок. Напивката ќе има вкус како сосема обичен овошен сок.

Можете да го пиете како ужина, но може да го користите и како замена за појадок, особено ако сте од оние луѓе кои не сакаат наутро да јадат, а знаат дека мора да внесат нешто во себе бидејќи тоа е добро за метаболизмот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар