Сок од сладок компир за одлична кожа и посилен имунолошки систем

Сок од сладок компир за одлична кожа и посилен имунолошки систем

Можеби слаткиот компир не е нешто по што би посегнале за да го ставите во соковник, но за разлика од обичните компири, тој е и многу вкусен и многу корисен. Воедно, тој прави кремаста текстура која му дава одличен шмек на освежителниот пијалак.

sok-od-sladok-kompir-za-odlichna-kozha-i-posilen-imunoloshki-sistem-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 1 сладок компир, излупен и жив
  • 170 грама свеж ананас
  • 1 излупен портокал
Начин на подготовка:

Ставете ги состојките во соковник и уживајте во мазната текстура. По желба додадете цимет.

2-sok-od-sladok-kompir-za-odlichna-kozha-i-posilen-imunoloshki-sistem-kafepauza.mk

Можеби мислите дека со оглед на тоа колку е сладок слаткиот компир, не би можел да биде добар за вас. Но, тој е всушност полн со хранливи материи. Тој е еден од најдобрите извори на бета каротин поради што дури и морковите би се засрамиле. Исто така, тој е одличен извор на калиум, калциум и витамин Ц. Плус, има антиоксидантни својства кои го намалуваат ризикот од рак и значително го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Ананасот и портокалот се одличен додаток на сокот од сладок компир бидејќи и двете овошки се базирани на течност, кои одлично се комбинираат со цврстиот, богат со скроб, сладок компир.

Пробајте, ќе се изненадите колку е вкусен овој напиток. А и вашата кожа ќе биде пријатно изненадена после неколку конзумирања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар