Сојузниците на витката линија: 9 производи кои имаат 0 калории
Често се случува кога сакаме да гo изгубиме вишокот килограми да ја планираме нашата исхрана врз основа на внесувањето на калории. Меѓутоа, за здрава исхрана најважно е да јадете здрава храна. Овој список содржи производи кои скоро и да немаат калории. Тука се наоѓаат производи кои се полни со хранливи состојки, па калориите се практично занемарливи. Ова сигурно ќе ви помогне да ја намалите тежината. Помалата количина на калории ќе ви помогне во одржување на доброто здравје и телесната тежина.
1. Карфиол
Ова е храна која не содржи калории во себе. Карфиолот е одличен производ во борбата против ракот, содржи хранливи состојки и витамини. Проверете дали сте испланирале добра количина карфиол на вашата чинија за оваа недела.
2. Кафе
Кафето исто така нема калории. Па така, кога следниот пат ќе уживате во вашето кафе воопшто не мислете на калориите.
3. Поточарка
Ова е единствената храна која е освежувачка, a има само 4 калории. Таа е една од најдобрите производи за слабеење, како и за одржување на нивото на калории.
4. Марула
Марулата има само 5 калории! Додајте марула во вашиот оброк без двоумење и уживајте во многуте благодети кои таа ги дава. Одлична е за кожата, благотворно делува на нервите, бубрезите и срцето.
5. Рукола
Ова е еден од најдобрите производи со само 4 калории по порција. По малку лутиот вкус на руколата му ја обезбедува на вашето тело потребната количина на калиум, влакна и витамини кои помагаат во слабеењето.
6. Лимон
Секој од лимоните има по само 20 калории. Лимонот е полн со витамин Ц и претставува одличен извор на здрава храна. Па, проверете дали сте вклучиле лимон во вашата исхрана.
7. Зелка
Секоја главица зелка содржи 22 калории. Зелката е одлична како превенција во борбата против ракот и содржи многу хранливи состојки. Исто така, богата е со витамини кои се здрави за телото.
8. Домат
Да, доматот има само 22 калории. Можете да го јадете свеж, но и во салата или зготвен. Консумирањето на домати ѝ дава сјај на вашата кожа и помага во отстранувањето на токсините од телото.
9. Аспарагус
Оваа храна има околу 27 калории. Аспарагусот ви помага да останете здрави и сити. Овој производ секако заслужува место на оваа листа, храна без калории.