Сочувствувате со другите луѓе? Дознајте дали сте емпати или идентификатори
Веројатно знаете дека емпатите поседуваат висока емоционална интелигенција и можат да ги почувствуваат емоциите на луѓето околу нив. Но, дали сте знаеле дека постојат 2 типа емпати? Доколку сметате дека припаѓате на оваа група луѓе, време е да дознаете и какви емпати сте…
1. Емпат. Луѓето кои можат да ги препознаат туѓите емоции и енергии, обично можат и да ги доживеат на емоционално ниво. Доколку сте емпатични, можете да ги разберете чувствата на луѓето, но не дозволувате нивните енергии да имаат физичко влијание на вас.
2. Идентификатор. Идентификаторите ги доживуваат туѓите чувства не само на емоционално, туку и на физичко ниво. Многу од нив честопати доживуваат хроничен умор, необјасниви болести и болки во телото како последица од надворешните влијанија. Тие се исцрпени и истрошени откако ќе поминат време опкружени со многу луѓе. Идентификаторите не можат да се дистанцираат од негативните чувства, особено ако се работи за некаква трагедија или загуба.
Според експертите, емпатите можат да сочувствуваат со другите затоа што знаат што им припаѓа ним, а што на другите. Од друга страна, пак, идентификаторите ги чувствуваат туѓите емоции како да се нивни. Тешко е да се биде идентификатор, особено поради тоа што тие најчесто чувствуваат страв. Емпатите можат да се оддалечат од туѓите емоции, но сепак сочувствуваат со другите луѓе. Тие се нарекуваат и „емпати со мускули“.
За да направите разлика помеѓу емпатите и идентификаторите, замислете си дека некој човек се дави во езеро. Доколку сте идентификатори, целата ситуација ќе ве обземе толку многу што ќе се чувствувате како и вие да се давите со човекот. Без размислување ќе се фрлите во водата, дури и да не знаете да пливате. Но, доколку сте емпати со мускули, нема да скокнете. Ќе останете на брегот, ќе разговарате со човекот, ќе се обидете да го смирите и ќе го потсетите дека може да плива и да преживее. Емпатите со мускули не дозволуваат да ги обземат туѓите емоции до тој степен што би се жртвувале себеси за некого.
Постојат и интуитивни емпати кои можат да ја почувствуваат енергијата на спиритуалниот свет. Тие можат да осетат пред да се случи нешто важно, кога некој е болен или починал. Тие ги чувствуваат позитивните и негативните енергии што ги пренесуваат другите луѓе, дури и тогаш кога не се во нивна близина. Интуитивните емпати се многу чувствителни. Ако има силен земјотрес некаде далеку од нив, тие ќе го почувствуваат тресењето.
Добро е да сочувствувате со другите луѓе и да ги разбирате работите низ коишто поминуваат, сѐ додека не дозволите тоа да ви влијае на негативен начин. Сочувството, грижата и способноста да ги согледувате нештата од туѓа перспектива се многу важни аспекти од животот на секое здраво и добро човечко суштество. Развивајте ја вашата емпатија и емоционална интелигенција, но не дозволувајте премногу да ве обземат проблемите и грижите на луѓето околу вас.
Доколку не сте сигурни дали сте емпати, следниве 30 знаци ќе ви го докажат тоа.