Со вакви момци не сакате да си имате работа

Со вакви момци не сакате да си имате работа

Подобро ви е да се држите настрана од вакви момци доколку не сакате вашето срце да биде скршено. Ваквите машки нема да ви донесат ништо добро.

so-vakvi-momci-ne-sakate-da-si-imate-rabota-kafepauza.mk

Ако сакате да пронајдете дечко кој ќе биде вреден за вашата љубов, тогаш немојте да се плеткате со вакви момци. Можеби тие во суштина и не се лоши, но моментално не се во фаза за да бидат добри за која било девојка која бара нешто сериозно.

1. Ја нема преболено поранешната девојка

Тоа што тој сè уште ја нема преболено неговата поранешна девојка, значи дека не планира да направи место за вас во неговото срце. Сигурно ќе се сложите дека никој не сака да биде втора опција.

2. Ве крие

Секоја врска која мора да биде тајна, не е вредна за вашите нервози и труд. Ако тој ве крие од другите, очигледно е дека тоа го прави со причина. А ако не се работи за политика на работното место, верски причини или нешто слично, вашата врска за него е само игра.

3. Постојано се извинува

Луѓето се извинуваат кога им е жал. Сепак, и честото употребување на тие зборови може да биде контрадикторно. Ако му е навистина жал, тој нема повторно да го направи истото она за кое веќе ви се извинил претходниот пат.

4. Емоционално е недостапен

Супер му е со вас, забавна сте за му и убава, но тој едноставно не сака врска. Можеби е повреден од порано или можеби не се заљубил во вас. Без разлика, тој не е спремен за врска со вас, а таков партнер не ви треба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар