Со техниката 5-3-2 мислите ќе ви бидат позитивни, а животот поубав и посреќен

Со техниката 5-3-2 мислите ќе ви бидат позитивни, а животот поубав и посреќен

Оваа едноставна техника е толку многу ефикасна што научниците ја патентирале. За само 10 денови можете да го промените текот на вашите мисли од негативни во позитивни.

so-tehnikata-5-3-2-mislite-kje-vi-bidat-pozitivni-a-zhivotot-poubav-i-posrekjen-kafepauza.mk

Научниците од клиниката Мајо порачуваат дека тајната за среќата е конечно откриена. Тие тврдат дека рецептот за среќен живот се состои од неколку едноставни чекори кои ќе ве извадат од лавиринтот на депресијата и вознемиреноста.

Програмата која тие ја патентирале, трае околу 10 недели, а за тоа време можат да се забележат драстични позитивни промени во животните ставови и начинот на размислување на секој поединец.

За да се „спријателите“ со среќата, најпрво треба да си го поставите ова клучно прашање: Што е за мене среќа, ако ги тргнам настрана парите, здравјето и успехот?

Техниката 5-3-2

5 – Се однесува на првите 5 луѓе кои се дел или некогаш биле дел од вашиот живот, а на кои сте им најмногу благодарни. На нив треба да се сетите веднаш штом се разбудите, но вежбата можете да ја практикувате кога и да почувствувате дека емотивно „паѓате“.

3 – Во првите 3 минути кога ќе се сретнете со членовите од семејството однесувајте се како да сте сретнале пријатели кои одамна сте ги изгубиле. Не ги осудувајте и не се обидувајте да ги поправате. Овој чекор можете да го вежбате и со пријателите, колегите и соседите.

2 – Во првите 2 секунди кога ќе сретнете позната личност, пратете ѝ позитивни вибрации – „Ви посакувам секое добро“.

Дополнителни совети

Фокусирајте се на позитивните емоции како опростувањето

Истражувањата покажуваат дека човечкиот мозок е конструиран така што скоро секогаш се фокусира на негативните искуства, но добра вест е тоа што чувството на среќа зависи дури 40% до 50% од одлуките кои сами ги донесуваме. Ќе бидете среќни ако се фокусирате на она што е убаво во вашиот живот, како и на позитивните емоции како што се благодарноста, опростувањето и љубезноста.

Дали проблемот кој ве мачи сега ќе ви биде важен за 5 години?

Ако сте заглавени, а мозокот тоа не може да го „искорени“ од кошницата со негативни мисли, запрашајте се дали проблемот кој моментално ве вознемирува, ќе ви биде подеднакво важен за 5 години. Ако одговорот е „не“, тогаш тој не е вреден за да трошите на него толку многу време и енергија. Важно е постојано да повторувате кои вредности се навистина важни за исполнет и квалитетен живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар