Со промени во исхраната до почиста кожа
Сте се запрашале ли некогаш зошто одредени денови вашата кожа знае да биде многу почиста од други, без да употребувате никакви креми и лосиони кои се наменети за проблеми со мозолчиња и митесери? Според неколку истражувања храната може многу да влијае врз воспаленијата на нашата кожа. Сигурно веќе знаете дека потребно е да пиете многу вода во текот на денот бидејќи дехидрацијата е број 1 непријател на кожата. Но, покрај водата постојат и неколку видови храна кои можат да ви помогнат да имате почиста кожа за многу брзо време…
Природни зрна – Кога станува збор за воспаление на кожата кое предизвикува акни, природните зрна делуваат како магија. Тие во себе носат многу антиоксиданти, го стабилизираат шеќерот во крвта и го спречуваат наглото надоаѓање на инсулинот. Бидете внимателни при изборот во продавниците, некои продукти како леб или кутија со макарони може да ви изгледаат како одличен избор, но реално во нив да има само мал процент природни зрна.
Риба – Веќе знаеме дека таа е основниот извор на омега-3 киселини кои се борат против воспаленијата на кожата. Диетата која е специјално дизајнирана за оваа намена вклучува риби како скуша, лосос и сардини кои според истражувањата најмногу ѝ помагаат на кожата.
Зелен зеленчук – Со помош на многуте хранливи материи и антиоксидантите кои ги содржат, најзелените ливчести зеленчуци го намалуваат шеќерот во крвта по оброкот и на тој начин ѝ помагаат на вашата кожа да остане почиста.
Портокалова и црвена храна – Според специјалната диета за чиста кожа, онаа храна која содржи високи нивоа на антиоксиданти помага при одржување на протокот на крвта до кожата. Во оваа категорија спаѓаат калинките, морковите, темното грозје, како и цвеклото.
Зелен чај – Покрај големите здравствени придобивки од овој чај, тој исто така помага и при спречувањето на појавата на мозолчињата. Тој е преполн со антиоксидантот „EGCG“ и доколку редовно го пиете многу ќе ви помогне при одржување на чистината на вашата кожа.
Храна која треба да ја избегнувате:
- Преработени зрна – кои се сретнуваат во поголемиот број житарици, леб и други производи кои се базирани на брашно.
- Преработен шеќер – бонбони, газирани сокови, колачиња и други видови слатки кои го зголемуваат шеќерот во крвта и ги блокираат порите.
- Млеко – содржи голем број хормони кои во комбинација со високото ниво на калциум е главен причинител на акни.
- Масло од зеленчук – пченкарно, сончогледово, шафраниково и масло од сусам содржат омега-6 маснотии кои предизвикуваат различни видови воспаленија на кожата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
леле ќе ве молам, до кога вакви, air-brushed на фотошоп, слики ќе се употребуваат за вакви статии? ваква кожа, замаглена, без везе, ниту постои ниту ни треба да постои. Глупости, кожата си има пори, си има текстура, негде е посветла, негде потемна, негде брчка, и тн., а не вака, чуле-не разбрале…