Со помош на скали до идеална фигура
Откажете се од теретаната, престанете со држење диета, уживајте во храната и вежбајте на овој начин. За да добиете тело како што сонувате, сè што ви е потребно се скали. Вежбањето на скали ќе го трансформира вашето тело и ќе ви овозможи одличен кардио тренинг.
Загревање (3 минути)
Полека почнете да ги искачувате и да ги симнувате скалите. Ова движење ќе ви го разбуди целото тело!
Трчање (1 минута)
Активирајте ги мускулите со трчање по скалите од 1 минута со еднакво темпо.
Сила и кардио
Правете ги овие вежби во 3 сета од по 30 секунди. Помеѓу вежбите правете паузи во рок од 30 секунди до 1 минута.
Прва вежба
Трчајте по скалите така што ќе прескокнувате по 2 скалила. Доколку сте во можност и имате доволен број скали, трчајте 30 секунди нагоре, па потоа спуштете се надоле. Оваа вежба повторете ја 3 пати.
Втора вежба
Правете склекови на скалите. За почеток, направете 3 сета со 10 повторувања.
Трета вежба
Правете клекнувања на скалите така што ќе го завртите грбот накај скалите, едната нога ќе ја испружете додека со другата клекнувате. Повторете ја ова вежба 10 до 12 пати, а потоа повторете го истото и со другата нога.
Четврта вежба
Вежбата за трицепс ќе ја изведете на следниов начин – грбот нека ви е свртен кон скалите, двете раце ставете ги на една скала и внимавајте тие да се поставени во ширина на рамената, а потоа со свиткување на лактите спуштајте се во седечка позиција со колковите до земјата. Вратете се во почетната позиција и повторете ја оваа вежба 15 пати, во 3 серии.
Петта вежба
Со пречекорување на колку можете повеќе скали, започнете да се качувате нагоре по нив. Не брзајте, бидејќи ова е многу важно истегнување.
Доколку не сте љубител на вежби, доволно е само да се качувате и да се спуштате во различен ритам по скалите во вашата куќа или зграда.
Многу е важно тренингот да има ритам и да трае онолку колку што вашата сила ви дозволува. Идеално би било доколку секој ден се движите по скали околу 20 минути.
Погледнете ја и оваа 20-минутна рутина за вежбање со која ќе го обликувате целото ваше тело.