Со помош на овој тест од 1934 година откријте дали имате совршено лице

Со помош на овој тест од 1934 година откријте дали имате совршено лице

Доколку некогаш ве интересирало како изгледа совршено лице, тогаш погледнете ја оваа фотографија од 1934 година која покажува зошто актерката Силвија Сиднеј била прогласена за најубавата девојка. Покрај тоа што можете да ја видите нејзината фотографија, вие можете и да откриете точно зошто нејзиното лице се сметало за „совршено“.

Со помош на овој тест од 1934 година откријте дали имате совршено лице

1. Должината на лицето треба да биде еднаква на должината од 3 носа.

2. Оддалеченоста помеѓу очите треба да биде доволно широка за да може да се смести уште едно око.

3. Долните и горните усни треба да бидат исто полни и долги.

4. Веѓите треба да бидат симетрични и да ја следат линијата на носот.

5. Оддалеченоста помеѓу горната и долната линија на окото треба да е иста како оддалеченоста помеѓу горната линија на окото и веѓите.

6. Почетокот на веѓите треба да се наоѓа во иста линија со внатрешниот агол од окото.

7. Ширината на лицето во пределот на образите треба да биде еднаква со двојна должина од носот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар