Со овој рецепт ќе се изборите и против најтврдоглавите масти
Празниците конечно завршија, а тоа значи дека е време и да се вратите на вашата идеална тежина. Доколку сакате тоа да го постигнете набрзо, дајте му шанса на овој чудотворен напиток. Станува збор за мешавина од состојки кои го забрзуваат метаболизмот и го чистат телото од насобраните токсини и масти.
Како и кај секојa диета, за да можете целосно да ги почувствувате придобивките, треба да ги почитувате правилата. Кај овој рецепт е многу важно да го направите точно и да го пиете редовно. Првите разлики се видливи и по само неколку недели.
Потребни состојки:
- 190 милилитри сок од домат
- 30 милилитри лимонов сок
- 1 лажичка изрендан ѓумбир
- 1 лута пиперка
- 2 стебла целер (со средна големина)
Начин на подготовка и употреба:
Измешајте го сокот од домат, лимоновиот сок, ѓумбирот и лутата пиперка (измелена) и ќе добиете пијалак од околу 220 милилитри. Послужете го во стаклена чаша, покрај целерот кој се јаде паралелно со напитокот.
За најдобар ефект, на ден консумирајте по 3 чаши од овој борец против маснотиите, по една помеѓу секој оброк. Доколку ви е однапред подготвен за целиот ден, чувајте го во фрижидер.