Со овие трикови веднаш ќе го прочистите вашиот затнат нос
Сезоната на настинки и грипови е најдоброто време да ги научите овие лесни трикови кои ќе го прочистат здодевниот затнат нос. Краткото видео подолу покажува два лесни начини за повторно да дишете слободно. Двата трикови одземаат помалку од две минути и сигурно вреди да се испробаат кога сте очајни и мислите дека настинката нема никогаш да ви помине.
1. Притискање со јазикот
Со врвот од јазикот допрете го и притиснете го горниот дел од устата.
Потоа ослободете го јазикот и со прстите притиснете на челото помеѓу вашите веѓи. Повторувајте го ова 20 секунди напоредно.
2. Задржување на здивот
Наведнете ја главата наназад, стегнете го носот и задржете го здивот најдолго што можете.
Земете здив кога навистина ќе морате. Бидејќи вашиот мозок добива информација дека немате доволно кислород, механизмот за преживување се вклучува и ги прочистува синусите.