Со овие 5 едноставни навики ќе го забрзате вашиот метаболизам

Со овие 5 едноставни навики ефикасно ќе го забрзате вашиот метаболизам

Голема е веројатноста дека или ќе живеете обвинувајќи го вашиот метаболизам за изгледот на вашето тело (дури и ако не сте свесни за тоа) или нема ни за секунда да помислите на тоа. Некои од нас се природно слаби уште од деца без никаков труд, додека други си додаваат килограми и со малку јадење. Каков е вашиот тип на тело, најчесто зависи од тоа каков ви е метаболизмот.

Со овие 5 едноставни навики ефикасно ќе го забрзате вашиот метаболизам

И покрај тоа што научно е докажано дека во нашето тело работат најразлични хемиски процеси, сепак метаболизмот е еден од најзначајните фактори, благодарение на неговата улога да согорува калории и да создава енергија за нашето тело.

Вашиот основен метаболизам ви е генетски наследен уште од самото ваше раѓање, но на него влијаат и неколку други фактори од кои најзначајни се: 1. Храната што ја внесувате во него и 2. Нивото на физичка активност. Тоа значи, дека можете многу да направите за да го промените и подобрите вашиот метаболизам, а тоа вклучува не само согорување масти, туку и подобрување на вашето целокупно физичко здравје во процесот.

„Можете драматично да влијаете на состојбата на вашиот метаболизам и биохемија, преку начинот на којшто се храните и начинот на којшто живеете.“ – Џилијан Мајклс

Прочитајте ги следниве 5 навики, благодарение на кои ќе го забрзате вашиот метаболизам, ќе ја зголемите способноста на вашето тело да согорува повеќе калории и ќе постигнете подобри резултати од вежбањето.

1. Јадете почесто

Ова е многу едноставна промена во навиките, која може секој едноставно да ја спроведе, а ќе има голем ефект врз вашиот метаболизам. Сѐ што треба да направите, е да почнете да јадете повеќе пати во денот. Тоа е добро бидејќи колку повеќе пати на ден јадете, толку почесто метаболизмот ќе треба да работи.

Со овие 5 едноставни навики ефикасно ќе го забрзате вашиот метаболизам

Секако, не треба да претерувате со јадење. Веројатно ќе прочитате од разни луѓе на Интернет, дека треба да јадете по 6 пати дневно или повеќе. Тоа никако не е потребно, а да бидеме искрени, не е ни возможно за просечен човек да го постигне тоа темпо. Наместо тоа, фокусирајте се на вашиот појадок, ручек и вечера и консумирајте една лесна ужина по појадокот и уште една помеѓу ручекот и вечерата.

2. Практикувајте вежби со тегови или отпор

Мускулите тежат повеќе од салото. Повеќето луѓе го знаат ова, но тоа што можеби не го знаете, е дека мускулите се многу метаболични, што значи дека многу повеќе енергија се троши во мускулите отколку во мастите, а ова пак значи дека потребна е повеќе енергија од вашето тело за да се одржуваат мускулите.

Со овие 5 едноставни навики ефикасно ќе го забрзате вашиот метаболизам

Не е за изненадување тоа што Националната здравствена служба на САД има откриено дека лицата со повисок сооднос помеѓу мускулната маса и мастите во телото, најчесто имаат повисока базална метаболна стапка, која е неопходна за давање сила на телото, доколку не би правеле ништо освен да спиете преку целиот ден. Тежинскиот тренинг има и разни други бенефити, освен тоа што идеално ви ја обликува фигурата, така што вреди да инвестирате време и труд во него.

3. Пијте студена вода…

Во едно истражување спроведено на Универзитетот во Јута, научниците откриле дека пиењето по чаши со 250 мл ладна вода на ден може да ја забрза метаболната стапка.

Теоријата е дека енергијата која телото ја троши за да ја загрее ладната вода, пред таа да влезе во системот, е причина за забрзувањето на метаболизмот. Но, како надоврзување на температурата, истражувањето открило и дека кај учесниците кои консумирале 4 чаши од по 250 мл дневно, се забавил метаболизмот, што значи дека количината на вода која ја консумирате, исто така игра значајна улога.

4. …Или улун чај

Во Журналот за медицински истражувања, има истражување коешто ги тестирало ефектите на чаевите врз забрзувањето на метаболизмот. Учесниците требало да консумираат вода, зелен чај или улун чај.

Со овие 5 едноставни навики ефикасно ќе го забрзате вашиот метаболизам

Резултатот открил дека улун чајот ја зголемил енергијата на метаболизмот на учесниците за речиси 10%, што од своја страна е голем фактор во зголемувањето на базалната метаболна стапка. За разлика од зелениот чај, улун чајот има повисока концентрација на полифенол, состојка која се открило дека го подобрува метаболизмот.

5. Внесувајте повеќе железо

Железото помага да се донесе кислород до мускулите, што на некој начин исто така го подобрува метаболизмот и ја подобрува способноста на организмот за согорување на мастите, вели Теми Лакатос, авторка на книгата „Разбудете го вашиот метаболизам“ (Fire Up Your Metabolism: 9 Proven Principles for Burning Fat and Losing Weight Forever).

Со овие 5 едноставни навики ефикасно ќе го забрзате вашиот метаболизам

Жените обично губат железо секој месец како резултат на менструалниот циклус, така што доколку не го надополнуваме тоа количество во нашето тело на редовно ниво, не само што тоа ќе влијае врз нашиот метаболизам, туку ќе почувствуваме и значителен пад на енергијата. Храна којашто е богата со железо е спанаќот, школките, црвеното месо и семките од тиква. Секако, не земајте суплементи со железо, без да се консултирате со вашиот доктор.

Можете да го забрзате вашиот метаболизам и со помош на овие 3 вкусни пијалаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар