Со неквалитетен сон до зголемен број килограми
Со помалку од пет-шест часа спиење дневно, не можете да си ја одржите вашата линија, а последиците од ова ќе ги увидите по качувањето на вагата. Дури и да не промените ништо во вашата исхрана и во навиките поврзани со вашата физичка активност, промените на метаболизмот можат да предизвикаат пораст на телесната тежина. Можеби ова е одговор на прашањето зошто луѓето како што стареат се здебелуваат, а истовремено спиењето им станува сè полошо. Истото објаснување се однесува и на работниците кои најчесто работат трета смена. Тие преку ден се мачат да го надополнат спиењето, кое го пропуштиле ноќта.Научници од Бостон ги споредиле ефектите од спиењето на 21 доброволец во период од 6 месеци. Тие на почетокот на истражувањето почнале со 10 часа ноќно спиење, но во текот на истражувањето го намалиле до пет часа спиење и тоа во кој било дел од денот, доколку испитаниците се чувствувале уморни.
Резултатите покажале дека кога испитаниците спиеле по помалку од 5 часа дневно, активноста на метаболизмот се намалувала за 12%. Изразено во бројки, научниците пресметале дека со ваквото спиење, согорувањето се намалувало за 120 калории дневно. Доколку би се пресметало дека цела година спиете на овој начин, тоа би значело дека поради недостаток на сон можете да качите плус 12 килограми.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.