Со какви чевли да ги комбинирате разните видови здолништа?
Понекогаш е навистина тешко да ја одберете гардеробата штом ќе стигнете до чевлите. Сигурно секогаш сакате да изгледате најдобро, но и да ви биде удобно. Па, погледнете со какви чевли да ги комбинирате најпознатите видови здолништа.
1. Здолниште-молив со ниски удобни чевли
Здолништата молив се класика што никогаш не старее. Денес можете да ги носите не само во канцеларија, туку и надвор од неа. Здолништата можат да бидат со разна должина, боја и дезен и се направени од разни материјали. Па, навистина е лесно да најдете некое што ќе одговара на вашиот стил. Дизајнерите препорачуваат да ги носите овие здолништа со ниски удобни чевли. Исто така одлично одговараат и сандали, особено ако здолништето ви е до колената или е подолго.
2. Здолниште-лале со покриени глуждови и отворени прсти
Здолништето го добило името по неговата форма и линиите што ги нагласуваат вашите облини. Одберете пар чевли со иста боја што ги покриваат глуждовите и се со отворени прсти. Можете да го комбинирате и со гладијаторки во топлите денови и чевли со шпиц ако не сакате чевли со отворени прсти. Ако сте вистинска бунтовничка, комбинирајте го здолништето со патики.
3. Широко здолниште
Стилистите сметаат дека широките здолништа секогаш треба да ги комбинирате со чевли со високи потпетици. Одберете ја висината и видот на чевлите според вашиот вкус. Во лето можете да носите сандали со платформа, а во есен чизми со висока потпетица.
4. Завиткано здолниште со ниски чевли или високи потпетици
Овој вид здолништа им стојат добро на сите жени без разлика на формата на телото. Исто така ова здолниште ви овозможува да експериментирате со чевлите. Многу дизајнери сметаат дека најдобро е да ги комбинирате со сезонски ниски чевли. Но одлично одговараат и чевлите со високи потпетици.
Продолжува на следната страница…