Со црвени чинии до помалку килограми
Јадењето во црвени чинии може да ни помогне во справување со вишокот килограми, покажува студијата на неколку германски и шведски научници. Според нив, силната црвена боја ни го убива апетитот, бидејќи асоцира на опасност и на забрана.Во истражувањето, на 109 доброволци им биле послужени по 10 переци. Храната им била ставена во црвени, бели и во сини чинии. Најмалку изеле оние со црвени чинии пред нив. Друг дел од истражувањето бил спроведен врз 41 студент. Тие добиле задача да пијат чај од црвени и од сини чаши. Студентите кои пиеле од црвени чаши, конзумирале значително помалку чај.
Ова според научниците, треба да се искористи за позитивни промени на пазарот. Предлагаат, штетната и високо калорична храна да се пакува во црвена амбалажа, со цел да се намалат здравствените проблеми кај луѓето. Тие ги советуваат и баровите, жестоките пијалаци да ги служат во црвени чаши. Така според нив, проблематичните гости, помалку ќе пијат. Но, ако црвената боја започне да се применува на голем број производи, нивната потрошувачка може да опадне дури за 40 отсто. Толку опаѓа интересот за храна кај луѓето, кога таа им се сервира во црвено. Податоците од студијата се објавени во списанието „Appetite“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
e kako togas jas pijam najmnogu kafe vo mojata omilena nescafe (crvena) casa
Во Русиjа каде што живеам, црвената боjа воопшто не се препорачува за во куjна. Се смета за возбудувачка на апетит, исто и жолтата боjа.А сината се смета за ладна и се препорачува ако сакате да слабеете купете сини чинии. Па, каде е вистинаната?