Со аеробик до феноменален стомак
Дигањето тегови со цел да направите добро тело и мускулест стомак, можеби сепак е само губење време. Новите истражувања покажуваат дека најдобар начин за топење на салото околу стомакот е преку аеробик вежби. Откако истражувачите ги следеле луѓето кои правеле аеробик вежби повеќе од 8 месеци и ги споредиле нивните резултати со оние на луѓето кои дигале тегови, првите стопиле речиси 20 пати повеќе сало околу нивниот стомак.Групата која правела аеробик вежби, стопила во просек околу 16 квадратни сантиметри сало, додека онаа група која дигала тегови и правела аеробик вежби комбинирано, изгубила 9 квадратни сантиметри сало. Истражувачот кој стои зад овој проект, Крис Слентз од универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина, САД вели:
.
„Тренингот за издржливост е одличен за зголемување на силата и масата на телото. Но аеробик вежбите се подобри за губење на салото, бидејќи со нив се горат повеќе калории.“
Истражувањето исто така открило дека оние кои правеле комбинации од двата стила на вежбање, не добиле никакви подобрувања од оние кои правеле само аеробик вежби. Истражувачите, салото околу стомакот го дефинирале како вицерално сало, кое се наоѓа длабоко во стомакот и ги опколува внатрешните органи. Тука не станува збор за поткожното сало. Вицералното сало е поопасно за здравјето на човекот, бидејќи се наоѓа поблиску до внатрешните органи и е поврзано со дијабетес, срцеви заболувања и некои видови рак.
Ова истражување е објавено во американскиот дневник за физиологија, ендокринологија и метаболизам. Во него биле вклучени 196 возрасни лица, кои имале од 18 до 70 години. Сите тие имале вишок килограми и биле поделени во 3 групи.
.
„Кога станува збор за срцеви заболувања, многу поважно е каде е стационирано салото, отколку колку го имате. Најважно е колку вежбате, колку пешачите и колку калории согорувате.“ – вели Крис
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.