Сникерс чоколатца готови за 20 минути, без печење

Сникерс чоколатца готови за 20 минути, без печење

Популарните чоколатца познати по богатиот вкус на чоколадо, карамела и пржени кикиритки, готови за само 20 минути во вашата кујна

snikers-chokolatca-gotovi-za-20-minuti-bez-pechenje-kafepauza.mk

Потребни состојки:
За првиот слој:
  • 4 лажици пченкарен или агаве сируп
  • 4 лажици стопен путер
  • 2 полни лажици кремаст путер од кикиритки
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2 ½ шолји шеќер во прав
  • 400грама чоколадо
За вториот слој:
  • 2 шолји карамела
  • 4 лажици пржени кикирики
  • 350 грама чоколадо со поголем процент на какао
Начин на подготовка:
  1. Во сад измешајте ги половина од сирупот, стопениот путер, путерот од кикирики и екстрактот од ванила, и со миксер мешајте на најслаба брзина, додека не се поврзат сите состојки.
  2. Додека миксирате полека додавајте го шеќерот додека не добиете еднаква густа, леплива маса. Ако смесата е претврда додајте уште малку стопен путер, а ако е преретка, шеќер.
  3. Смесата наместете ја во калап или сад за печење обликувајќи ја со рацете. Потоа сместете ја во фрижидер за длабоко додека да ја подготвите смесата за вториот слој.
  4. Во тенџере, на средно-висока температура, стопете ја карамелата и остатокот од сирупот, додајте ги кикириките, и кратко сето тоа заедно мешајте го, па потоа тргнете го тенџерето од оган.
  5. Извадете го калапот од фрижидер и врз првиот слој прелијте го вториот, па повторно вратете го назад.
  6. Кога смесата ќе се стврдне извадете го калапот на даска за сечење и со голем нож исечете на правоаголни парчиња.
  7. На тивок оган стопете ја чоколадата и во неа, едно по едно потопувајте го секое парче.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар