Снежни мини ванила тортички

Снежни мини ванила тортички

Направете слатки снежни колачиња кои одлично одговараат со снежната покривка надвор, но се многу повкусни кога ги јадете внатре, на топло. 🙂Снежни мини ванила тортички

Потребни состојки:

  • 160 г брашно
  • 180 г путер (на собна температура)
  • 150 г шеќер
  • 1 и пол лажичка прашок за пециво
  • 1/4 лажичка морска сол
  • 60 мл млеко (на собна температура)
  • 60 мл матеница
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 големо јајце, плус 1 белка (на собна температура)

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на температура од 180 степени. Подгответе стандарден калап за печење мафини со 12 дела.

Во длабока чинија измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Во друга длабока чинија измешајте ги млекото, матеницата и екстрактот од ванила. Потоа во посебен сад ставете ги путерот и шеќерот и мешајте со миксер околу 2-3 минути на средна брзина. Намалете ја брзината на минимум и додека мешате додадете го целото јајце, а потоа зголемете повторно до средна брзина и мешајте сè додека не добиете еднолична мешавина. Додадете ја белката и повторете го истото.

На средна брзина додадете ја сувата мешавина (брашното, прашокот за пециво и солта), потоа течната мешавина (млекото, матеницата и екстрактот). Додавањето нека биде полека, во три наврати, наизменично. Кога ќе завршите продолжете со мешање сè додека таа не стане скоро мазна.

Наполнете ги местата за мафините на калапот со мешавината, но нека не зафаќаат повеќе од 3/4 од просторот.

Оставете ги да се печат околу 20 -25 минути (пред да ги извадите, боцнете со чепкалка во средината, ако на неа не остане ништо, значи се готови). Овој вид тортички има рамен врв, нема да пораснат кружно како мафините.

Откако ќе ги извадите од рерната, почекајте комплетно да се оладат. Потоа можете да ги покриете со шлаг или времето да го искористите за да подготвите фил од ванила.

Снежни мини ванила тортички

За подготовка на фил од ванила, потребно е:

  • 230 г маргарин
  • 320 г шеќер во прав
  • 2 лажички млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • внатрешноста на една мешунка од ванила (за најдобар вкус или дополнителна количина екстракт од ванила)
  • 1 прстофат сол

Подготовка на филот од ванила: Миксирајте го путерот на средна брзина додека не стане пенест. Потоа, намалете ја брзината на најслабо и додавајте го шеќерот на 10 пати. Додадете го млекото, ванилата и солта. Зголемете ја брзината до средина и мешајте минута-две додека да добиете лесна и пенеста смеса.

Оладените тортички наполнете ги со подготвениот ванила-фил, а по желба можете да ги декорирате со  рендано бело чоколадо, кокос и слично. Ставете  ги во фрижидер. 20 минути подоцна ќе ве очекува вкусно и снежно задоволство. Уживајте!

Снежни мини ванила тортички


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар