Претходно
Смуди за детоксикација и против стареење
Датум: 31 јул 2014
Коментари: 0
Освежителен летен пијалак кој изобилува со антиоксиданси
Потребни состојки:
- 230 грама замрзнати боровинки
- 230 грама цвекло, исецкано на коцки
- 230 грама лубеница, исецкана на коцки
- 225 милилитри кокосова вода
- 1 лажичка семки од чиа
- 1 рака нане
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки, освен нането, во блендер и мешајте. Откако ќе се соединат сите состојки, додадете ги и листовите од нане како декорација. Сервирајте. По само неколку голтки веднаш ќе почувствувате зголемување на енергијата како и подмладување.
Совет: За најголем ефект, џвакајте го вашето смуди. Тоа помага при варењето, а со тоа ја зголемува и апсорпцијата на хранливите материи.