Претходно
Смуди со банани и урми кое ќе ве најаде
Еден цел појадок
Потребни состојки за четири лица:
- 2 средно големи и убаво узреани банани
- 50 грама урми, исчистени од семките
- 500 мл бадемово млеко
- 2 лажички чиа семки
- ½ лажичка каранфилче
- сок од половина лимета
- прстофат сол
- прстофат цимет
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Попрскајте малку цимет и сол и сервирајте веднаш.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.