Смуди против акни: Рецепт од козметичарката која се грижи за лицата на славните

Смуди против акни: Рецепт од козметичарката која се грижи за лицата на славните

Иако постојат многубројни креми и лосиони против акни и за одржување на здрава и мека кожа, сепак ако сте склони на акни најдобро е да се лечите однатре. При овој процес може многу да ви помогне познатиот рецепт на козметичарката Абигејл Џенкинс која се грижи за дерматолошкото здравје на многу славни дами. Нејзиното моќно зелено смуди ги ублажува процесите кои предизвикуваат воспаление на кожата и одлично делува против акните.

Смуди против акни: Рецепт од козметичарката која се грижи за лицата на славните

Потребни состојки:
  • сок од половина лимон
  • половина од една помала краставица
  • една рака свеж спанаќ
  • два помали листови кељ
  • една кафена лажичка семки од анасон
  • една кафена лажичка рендан свеж ѓумбир
  • едно јаболко или круша за засладување
  • 200 милилитри вода
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер или апарат за правење смуди и добро промешајте сѐ додека состојките не се соединат. Во продолжение прочитајте и зошто комбинацијата на овие состојки е клучна за здравјето на вашата кожа.

Краставица – Богата со витамин А и калиум, ги смирува акните и ја разладува кожата.

Семки од анасон и ѓумбир – Делуваат против воспаленијата на кожата.

Лимон – Го прочистува црниот дроб и помага во ослободувањето од токсините кои предизвикуваат воспаленија и акни на кожата.

Спанаќ и кељ – Богати со хлорофил и антиоксиданси, помагаат во заздравувањето на кожата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар