Смуди кое ќе направи чуда за вашиот организам

Смуди кое ќе направи чуда за вашиот организам

Џејми Оливер предлага одличен рецепт за смуди кое ќе направи чуда за вашиот организам. За да бидете фит и здрави важно е да го започнете денот со здрав појадок. На тој начин ќе ги започнете дневните активности сити и полни со енергија. Ви претставуваме едноставен рецепт за смуди од нашиот омилен готвач Џејми Оливер.

1-smudi-koe-kje-napravi-chuda-za-vashiot-organizam-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:

  • 2 круши
  • 6 семки кардамом
  • 500 милилитри млеко од овес
  • 100 грама јогурт
  • 2 лажички мед
  • 2 лажички полен

Начин на подготовка:

Ноќта пред да го испиете смудито измијте ги и излупете ги крушите, па оставете ги во замрзнувач. Семките кардамом иситнете ги во аван. Иситнетите семки, крушите, јогуртот, млекото од овес и медот ставете ги во блендер и мешајте до посакуваната текстура. Ставете го смудито во чаши и посипете го со полен.

Доколку имате проблеми со лошото варење на храната, тогаш со задоволство ви предлагаме да го подготвите ова зелено смуди кое ја подобрува работата на цревата.  


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар