Смирете се без лекови: Практичен совет за оние моменти кога емоциите ќе ве совладаат
Секоја личност си има свој начин на борење кога станува збор за стресот. На некои луѓе има помага длабокото дишење, на други чаша топла вода со лажичка шеќер. Но, постојат и оние кои во овој момент едноставно не можат да ги совладаат своите емоции. Доколку вие сте едни од нив, тогаш овој трик без сомнение ќе ви се најде во критичните моменти и ќе ви помогне да ги преземете нештата во свои раце. Без разлика каде се наоѓате и што ви се случува, постои начин да ги совладате вашите емоции, грижи и стрес. Овој трик делува толку силно на вашиот организам, што никогаш повеќе нема да имате потреба да посегнете по лекови за смирување.
Со цел да се смирите, вие мора да го намалите лачењето на адреналинот во вашата крв. Тој се создава во критични ситуации, кои организмот ги препознава како опасни по живот со цел да ви помогне да преживеете. Но, доколку ги преземете нештата под ваша контрола, ќе успеете моментално да го вратите целиот нервен систем во нормална ситуација. Па, следен пат кога ќе бидете многу нервозни, лути или во паника, направете го следново:
- Длабоко вдишете, стискајќи ги рацете во тупаница, најсилно што можете, така што со ноктите ќе притиснете врз дланката.
- Издишете и опуштете ја тупаницата.
- Повторете го ова 10-15 пати, концентрирајќи се на движењето на мускулите додека дишете длабоко.
Тајната на ефикасноста на овој трик е во тоа што со брзите и енергични движења вие помагате да се регулираат нивоата на адреналин во вашето тело. Вашата задача е да се ставите самите под контрола, а со оваа техника без сомнение ќе успеете.