Смешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душа

Смешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душа

Можеби до сега сте го анализирале вашиот партнер за да откриете колку си одговарате, но, покрај вообичаените работи, постојат и неколку не толку романтични работи што сепак ќе ви покажат дека до себе ја имате сродната душа. Еве едни од најчестите, секојдневни работи.

Смешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душа

1. Обожавате заедно да практикувате досадни работи, како што е купувањето, одењето во аптека или плаќањето сметки.

2. Повеќе се забавувате кога јадете во кревет отколку надвор во ресторан со пет ѕвездички.

3. Една од омилените работи што сакате да ги правите заедно е да јадете што било и колку било, без да се грижите дали изгледате добро.

4. Уште повеќе се заљубувате во него кога гледате како спие со отворена уста.

5. И не ви смета доколку и тој ве види во ваква состојба.

6. Вие, секако, си се допаѓате еден на друг кога сте убаво облечени. Но, најмногу сакате кога сте облечени во старата кошула и стари пантолони.

7. Ги чувате рачно напишаните пораки од него, повеќе од најскапите работи што некогаш сте ги добиле.

Смешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душа

8. Ве повикува да излезете кога тоа ви е потребно. Па и обратно.

9. Немате потребна јавно да покажувате нежност. Повеќе се забавувате кога со насмевка гледате еден во друг преку масата и само вие го разбирате тој говор.

10. Ве поттикнува и охрабрува, но истовремено одбива да ви попушта.

11. Отворено можете да зборувате за своите телесни функции и да се смеете за тоа.

12. Сакате заедно да одите на свадби и други церемонии каде што ќе можете да се забавувате.

13. Имате развиено свој речник и свои фрази што само вие ги разбирате и имаат специфично значење за вас двајцата.

14. Се познавате толку добро што би можеле да одговорите точно на 9 од 10 прашања доколку играте на квизот „Колку добро го познавате вашиот партнер?“

15. Некои од вашите прекари не се класични изјави на нежност. Наместо тоа тие вклучуваат прекари како „глупчо“ или „дебел“. И тоа го обожавате.

Смешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душа

16. Кога ќе се разболи вашиот партнер, ништо друго не ви е важно, туку само сте насочени кон него.

17. Можете отворено да си кажете еден на друг кога сте си досадни или кога сте напорни, па и покрај тоа што ова е вистина, можете слатко да се изнасмеете.

18. Можете долго да останете во тишина и да не се чувствувате чудно поради тоа.

19. Всушност, можете да се опуштите во мир и тишина, без потреба од разговор.

20. Секогаш заедно ги гледате новите епизоди од омилената ТВ серија, но сепак нема да се издадете доколку некогаш го направите тоа сами.

21. Почесто ви купува благи работи и грицки од продавницата, отколку романтични поклони. Ова не би го смениле за ништо!

22. Ве насмева во тешките ситуации.

23. Попрво би биле мрзливи со него цел ден, отколку да одите на забава со кој било друг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар