Смеењето го подобрува здравјето

Смеењето го подобрува здравјето

Дали среќните луѓе живеат подолго? Огромната научна литература укажува на фактот дека негативните емоции му прават штета на телото. Сериозниот стрес, лутината и стравот може да ги променат вашите биолошки системи и со тоа да предизвикаат срцеви болести, мозочен удар и дијабетес. Истражувањата покажуваат дека смеата навистина ги подобрува здравјето и добросостојбата. Доколку научите како да се смеете кога сте под стрес, анксиозни, нервозни или загрижени, тогаш многу полесно ќе можете да си помогнете на себе за да излезете од таа негативна ситуација.

Смеењето го подобрува здравјето

Смеата е многу слична со едноставното вежбање: Една добра насмевка ги згрчува абдоминалните мускули, го забрзува движењето на крвта, го намалува крвниот притисок и хормоните за стрес, го подобрува спиењето и имунитетот. Но, и покрај големиот број придобивки од смеата, голем дел од луѓето сепак забораваат на неа. Токму затоа време е повторно да си ја пронајдете насмевката и да почувствувате радост без никакво ограничување. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да го сторите тоа:

Ослободете се од стресот и не го сфаќајте животот премногу сериозно. Сите ние наидуваме на пречки во животот и правиме грешки. Тоа не треба да биде причина за стрес. Наместо да се нервирате за она што веќе поминало, обидете се да се насмеете за целата ситуација. На тој начин не само што ќе си дадете на себе поголема среќа и самодоверба, туку и многу полесно ќе можете да го решите проблемот.

Најдете хумор во лошите ситуации. Секако, постојат ситуации кои се навистина тешки и тажни и кои не можат да бидат решени со само една насмевка. Но, за наша среќа, повеќето ситуации во животот знаат да имаат една иронична и комична страна. Токму затоа нареден пат кога ќе почувствувате дека вашиот стрес се зголемува, обидете се да ја најдете иронијата во целата ситуација и дозволете си да се смеете за оние нешта кои едноставно се надвор од вашата контрола. На овој начин ќе го намалите кортизолот, крвниот притисок, шеќерот во крвта како и срцевите отчукувања.

Потсетете се на смешни моменти од вашето минато. Можеби вашиот пријател ви кажал одличен виц пред неколку дена, вашите деца или миленичиња направиле нешто забавно или пак, едноставно сте гледале некој многу смешен филм. Постојано потсетувајте се на овие моменти, особено кога се чувствувате тажно, луто или под стрес. Понекогаш самото преживување на еден среќен момент може да му помогне на ендорфинот да се појави и со негова помош вашето расположение за само неколку секунди целосно ќе се промени.

Опкружете се со забавни луѓе кои постојано се смеат. Понекогаш смеата знае да биде заразна, па токму затоа барајте позитивни луѓе кои не се плашат да се смеат на своја сметка и кои природно го наоѓаат хуморот во секојдневните животни ситуации. Студиите покажале дека оние луѓе кои имаат среќен пријател или член на семејството се за околу 15% посреќни од останатите.

Посвојте милениче. Животните се незаменливи кога станува збор за подобрување на среќата и поттикнување на смеата бидејќи тие едноставно обожаваат да си играат и да се забавуваат. Исто така студиите покажале дека луѓето со домашни миленичиња имаат помали шанси за развивање на депресија, стрес како и заболување од срцева болест.

Медитирајте. Студиите покажале дека техниките за опуштање кои се фокусирани на умот и телото можат многу да помогнат во ослободувањето на тензијата. Истражувачите откриле дека луѓето кои медитираат се чувствуваат посмирено и подобро.

Јадете храна која го подобрува чувството на радост. За време на стресен период, голем дел од луѓето имаат тенденција да јадат нездрава храна која е преполна со шеќер или сол. И покрај тоа што оваа храна има добар вкус во тој момент, редовното конзумирање може да има многу негативни ефекти како зголемување на телесната тежина и крвниот притисок, мигрени и дијабетес. Обидете се да се борите против стресот со диета која ја зголемува позитивната енергија, која се состои од лосос, спанаќ, авокадо, темно чоколадо и боровинки.

Доколку успеете да најдете причина за смеење секој ден, многу брзо ќе забележите дека вашето здравје ќе се подобри, вашите врски со останатите луѓе ќе ви изгледаат позначајни и полесни за одржување и пречките на кои што ќе наидувате нема да ви бидат премногу голем предизвик. И како најважно, вашето тело, ум и душа ќе добијат најмногу од оваа природна и бесплатна медицина.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар