Смарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима
Кога станува збор за зелената боја, не може да се каже која нијанса е најубава бидејќи сите се многу привлечни. Но, смарагдно зелената нијанса е нијанса ја опишува доцната есен и е создадена за модерни и елегантни комбинации. Ако барате парчиња облека што ќе ви одговараат при преминот од есен во зима, изберете смарагдно зелени џемпери.
Совршено се комбинираат со фармерки, здолништа, панталони, како и со чизми и модни додатоци. Ваше е да изберете облик и дизајн на џемпер во кој ќе се чувствувате најпријатно, а оваа сезона, ставете го фокусот на предимензионалните џемпери, џемпери со v-изрез, како и фустани џемпери.
Ако сакате поопуштена комбинација, изберете кафени панталони, црни чизми и џемпер со пом-пом топчиња. Исто така, ако сте личност која претпочита тексас, избледените фармерки со смарагден џемпер што лабаво паѓа, ќе направат да се чувствувате слободно и да изгледате многу привлечно.
Ако сакате да носите џемпер-фустан, најдобро е да го комбинирате со мантил во беж боја и потемни чизми. Црното мини здолниште е идеален избор за сите дами кои сакаат да се чувствуваат женствено во текот на студените есенски и зимски денови. Во комбинација со смарагден џемпер, ќе изгледате многу елегантно.
Погледнете кои 6 клучни парчиња облека треба да ги имате за сезоната зима 2020/21.