Смачено ви е од диети? Не пропуштајте ги нашите трикови кои ќе ви помогнат да јадете помалку
Преку глава ви е од држење диети кои, впрочем, не секогаш ги даваат очекуваните резултати? Наш предлог е да почнете да внесувате помала количина храна во организмот што ќе ви овозможи да ја намалите тежината без да вложите многу труд. Во продолжение откријте ги нашите трикови за како да јадете помалку.
1. Користете помала чинија
Колку и да звучи едноставно, сепак овој трик навистина функционира. Колку е поголема чинијата, толку има повеќе простор за храна. Но, со помала чинија веројатноста дека ќе ја натрупате со храна е помала. Експериментирајте следниот пат и ќе видите дека е така.
2. Не јадете додека гледате телевизија
Според едно истражување од 2007 година, кога сме расеани имаме тенденција да јадеме повеќе. Ова може да биде лоша вест за оние кои уживаат во јадењето додека гледаат телевизија или работат на компјутер.
3. Користете поголем прибор
Колку и да звучи неверојатно, едно истражување покажало дека користењето поголем прибор за време на јадењето може да ви помогне да јадете помалку. Имено, во текот на испитувањето поголемиот прибор ги навел испитаниците да мислат дека ќе јадат побрзо и повеќе, а всушност тие консумирале помалку.
4. Внесувајте течности пред оброкот
Доколку сакате да јадете помалку, доволно е да испиете чаша вода пред ручекот или вечерата. Како резултат на тоа, брзо ќе се заситите и ќе внесете помала количина храна. Сепак, не заборавајте дека водата е подобар избор во однос на газираните сокови и слатките чаеви. На тој начин ќе избегнете непотребни калории.
5. Забавете и уживајте во оброкот
Ако стекнете навика да јадете брзо, можете да почнете да внесувате многу повеќе храна отколку што ви е потребна и да ја зголемите тежината за кратко време. Според една студија во која учествувале 3000 испитаници, оние кои јадат брзо се соочуваат со три пати поголем ризик од прекумерна тежина.
6. Користете ја вашата недоминантна рака
Група психолози на Универзитетот во Јужна Калифорнија направиле експеримент и откриле дека без разлика дали грицкате или уживате во оброк, постои голема веројатност дека ќе јадете помалку доколку ја користите вашата недоминантна рака.
Откако ги прочитавте нашите трикови за како да јадете помалку, можеби ќе сакате да прочите и триковите што навистина можат да ги подобрат вашите телесни функции.
Извор: allwomenstalk.com