Следете ги овие совети доколку сакате да блескате со самодоверба и да ги остварите целите!

Следете ги овие совети доколку сакате да блескате со самодоверба и да ги остварите целите!

Животот понекогаш може да изгледа како неразбирлива загатка, но можете полесно да се справите со сите неочекувани пречки и предизвици доколку сфатите одредени работи. Со стекнување увид во нашите мисли, емоции и однесувања, можеме да направиме позитивни промени и да водиме поисполнет живот.

Следете ги овие совети доколку сакате да блескате со самодоверба и да ги остварите целите!

Сè започнува со мислите, затоа обидете се да ги негувате оние кои се позитивни, кои ви користат, ви носат среќа, благосостојба и мир. Понекогаш забораваме дека животот е едноставен, правилата се полесни отколку што мислиме, а ние сме тие што го комплицираат.

1. Довербата е поважна од изгледот

Бројни студии покажале дека самодовербата и поддршката се поважни од изгледот. Ако се сакате себеси и изгледате самоуверено, поголема е веројатноста дека ќе им се допаднете на другите луѓе.

2. Запишувањето на вашите мисли го намалува стресот

Веројатно го знаете ова, но колку често го користите во вашиот живот? Одредени истражувањата ја докажале терапевтската улога на пишувањето дневник. Со запишување на вашите искуства, го намалувате стресот и ја подобрувате вашата емоционална состојба, ја намалувате анксиозноста и се ослободувате од депресијата. На пример, вознемирените луѓе кои ги запишале своите чувства пред важно интервју за работа или испит имале подобри резултати од оние кои ништо не запишале.

3. Контактот со очи го продолжува разговорот

Ако сакате разговорот да трае подолго, но не знаете што да кажете, поставете му прашање на другиот. Откако ќе го добиете одговорот, продолжете да го гледате соговорникот без да кажете збор. Вашиот соговорник ќе го продолжи разговорот, бидејќи луѓето не сакаат долги паузи во разговорот и се трудат да ја пополнат тишината.

4. Зборувањето за вашите цели може да ве демотивира

Истражувањата покажале дека кога ги соопштуваме нашите цели на другите луѓе, нашата желба да ги постигнеме се намалува. Овој ефект може да се објасни со фактот дека разговорот за идните активности му дава на вашиот мозок чувство на постигнување, мозокот навидум станува задоволен од „постигнатата цел“, ја губи мотивацијата и престанува да бара начини да ги постигне своите планови.

5. Можете да се залажувате да мислите дека добро сте спиеле

Истражувањата покажале дека ако се убедите себеси дека добро сте се одмориле, вашите когнитивни перформанси ќе се подобрат, дури и ако всушност не сте спиеле добро. Но, ако наутро се жалите дека сте уморни, вашите перформанси во текот на денот значително ќе се намалат.

6. Поставувањето јасни и конкретни цели може да ја зголеми вашата мотивација и да ви помогне да го постигнете она што го сакате

Поделете ги вашите големи цели на помали чекори и станете свесни за вашите достигнувања за време на целиот процес. Овој пристап ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата и да го подобрите фокусот.

Откако ги прочитавте нашите совети за поголема самодоверба и успех во животот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 проблеми со самопочитта кои можат значително да ја намалат самодовербата.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар