Слатко уживање: Чоколадна пирамида

Слатко уживање: Чоколадна пирамида

Овој едноставен чоколаден десерт е секогаш на менито на оние луѓе кои обожаваат да ја засладуваат својата трпеза, но и својот ден. Направете ја и вие оваа чоколадна пирамида и уживајте во незаборавниот вкус.

Слатко уживање: Чоколадна пирамида

Потребни состојки:
За кората:
  • 150 грама шеќер
  • 5 белки
  • 1 лажица брашно
  • 150 грама мелени ореви
За филот:
  • 5 жолчки
  • 125 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 грама чоколадо
  • 250 грама маргарин
За декорациите:
  • 50 грама чоколадо
  • 1 кафена лажичка масло
  • 50 грама ореви
Начин на подготовка:
Кора:

Сматете ги белките во цврст шлаг, постепено додавајќи го шеќерот. На крајот додадете ги брашното и оревите и полека помешајте ги сите состојки со лажица. На правоаголен плех ставете хартија за печење, турете ја подготвената смеса и израмнете ја. Печете во рерна на 180°C, околу 20 минути.

Фил:

Соединете ги жолчките со шеќерот и гответе на пареа додека не добиете густа и хомогена смеса. Додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека не се растопи. Оставете смесата да се излади. Сматете го маргаринот во пена и соединете го со изладениот крем.

Финална постапка:

Издвојте ја печената кора од хартијата за печење и исечете ја на четири линии со еднаква ширина. Премачкајте ја секоја линија со филот (оставете малку фил за да го премачкате целосно колачот) и наредете ги една врз друга. Колачот оставете го во фрижидер.
Откако ќе се излади, извадете го од фрижидерот и поставете го вертикално на работна површина, па дијагонално пресечете го на половина. Добиената половина спојте ја со малку фил за да добиете изглед на пирамида. Колачот премачкајте го со остатокот од филот. Растопете го чоколадото со малку масло и со него напрскајте го и посеете го со мелените ореви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар