Слатки зимски колачиња
Вкусни зимски колачиња кои ќе ви послужат како декорација за топлите напивки
Празничната еуфорија сè уште трае, зимска идила низ замаглените прозорци, среќа и радости, и мирис на жешко кафе… Оваа сезона е совршена за секакви топли напивки, топло чоколадо, кафе, какао, чајче, а уште подобро ако сето тоа го надополниме со мирисот на свежи колачиња.Потребно ви е:
- 300 г бело брашно
- 250 г путер на собна температура
- 5 кафени лажички бело вино
- Ванилин шеќер
- Шеќер во прав
Начин на подготовка:
Сè што треба да направите е да ги измешате состојките во еден сад, а потоа да ги замесите како тесто. Исукајте го тестото додека постигне дебелина од околу 3 мм и со помош на разни форми за печење колачи, отсечете делови од тестото. Направените форми од тесто, исечете ги во долниот дел со цел да ги направите погодни за да ги поставите на вашата шолја. Печете ги колачињата 10 минути на температура од 180°C. Додека се сè уште жешки, наросете ги со шеќер во прав.Уживајте во топла зимска напивка и зимски колачиња. Добар апетит.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.