Претходно
Слатки компирчиња со кокос и цимет
Компирчиња со егзотичен вкус
Потребни состојки:
- 4 средно големи слатки компири
- 2 лажици кокосово масло
- ½ лажичка цимет
- ½ лажичка сол
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги компирите или само отсечете им ги краевите ако ги сакате нелупени, а потоа исечете ги на тенки парчиња. Во сад измешајте ги кокосовото масло, циметот и солта и потоа секое компирче извалкајте го во смесата. Кога ќе завршите со тоа, ставете ги компирчињата во рерна и печете ги околу 40-45 минути, додека заруменат на краевите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.