Слатка љубовна тактика: 5 начини да му се одмаздите на бившиот партнер заради тоа што ве оставил
Да бидеме искрени, повеќето оставени жени би сакале нивниот бивши партнер да зажали што раскинал со нив. За жал, поголемиот дел од жените „се одмаздуваат“ на сосема погрешен начин. Објавувањето лути статуси, песни кои ги потпишува Адел и цитати за тоа дека мажите се лоши нема да го натераат вашиот партнер да сфати дека погрешил. Од друга страна, овие тактики би можеле да го направат тоа.
1. Изгледајте како милион долари
Многу жени после раскинувањето паѓаат во депресија и престануваат да се грижат за себе. Наместо да станете клише, искористете го ова време и вложете малку труд во вашиот изглед. Кога ќе види дека без него изгледате подобро, неговото его сигурно ќе биде погодено.
2. Останете неутрални
Наместо класичното однесување при кое жените драматично реагираат на раскинувањето, едноставно останете неутрални, исто како ништо да не се случило. Тоа целосно ќе го изненади.
3. Освојте ги неговите другари
И овде жените честопати грешат, па пријателите на својот бивши партнер ги опсипуваат со негативни зборови за него. Наместо тоа, бидете толку прекрасни кон нив што тие и самите ќе му кажат дека погрешил.
4. Занимавајте се со себе
Тој ќе очекува да ги минувате деновите размислувајќи за него, а вие наместо тоа минувајте ги деновите размислувајќи за себе.
5. Прекинете ја комуникацијата
Не сосема, бидејќи тоа испраќа сигнал дека сте многу лути, само комуницирајте со него како што комуницирате со пријателка од основно со која ве мрзи да одите на кафе – пристојно и не претерано ангажирано.
Секогаш сетете се дека има живот и после него, а овие мали потсетници ќе ви докажат дека се чувствувате одлично и по раскинувањето.