Скриени ерогени зони: Точки на задоволство кои ќе ја доведат до лудило!

Скриени ерогени зони: Точки на задоволство кои ќе ја доведат до лудило!

Познавањето на овие ерогени зони не само што ќе ве претвори во одличен љубовник туку и ќе ви овозможи секоја жена да ја доведете во расположение за секс со потези кои се прифатливи иако не сте во врска.

Многу мажи мислат дека жените имаат само една ерогена зона т.е. вагината. Меѓутоа оние малку поинформираните знаат дека жените полудуваат кога ќе ги допрете на внатрешната страна на бутовите или вратот, а малку од нив знаат и за овие скриени ерогени зони.

Ако спаѓате во оние кои сакаат да бидат информирани околу тоа како да задоволите жена, еве неколку ерогени зони за кои веројатно не знаевте, а сигурно ќе ви се најдат при рака за време на предиграта.

Грбот е многу сензуален дел од човечкото тело кој освен со бавна масажа може многу успешно да се стимулира и со нежни бакнежи, а за време на сексот цврстото стегнување на грбот уште во моментот ја подигнува страста на уште повисоко ниво.

Стапалата исто така се една од поважните ерогени зони и сензуалната масажа на оваа ерогена зона ќе ја направи секоја жена расположена за игри помеѓу чаршафите.

Дланките се многу осетливи на допир. Затоа кога поминувате со прстите по нејзините дланки додека гледате телевизија ќе испратите многу јасна порака за што сте расположени, а така ќе започне да се создава секси атмосфера.

Совет плус: Ако со помош на јагодиците од прстите го масирате темето и со нерамномерни движења ги провлекувате прстите низ нејзината коса, а случајно нежно ја допрете и нејзината ушна школка, сигурно ќе ја доведете до лудило!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар