Скриената вистина зад флертувањето со други луѓе кога сте во врска или брак

Скриената вистина зад флертувањето со други луѓе кога сте во врска или брак

Луѓето кои се во сериозна врска или брак честопати се прашуваат дали флертувањето со други лица доаѓа предвид. Генерално, се верува дека доколку не дојде до никаков физички контакт, флертувањето е сосема безопасно. Флертот се смета за пријателски начин на давање и добивање внимание што може секому да го разубави денот.

Скриената вистина зад флертувањето со други луѓе кога сте во врска или брак

Сите сакаме да се потсетиме на нашите доблести, а флертувањето го нуди токму тоа. Ни ја зголемува самодовербата, а нема човек што не ужива во тоа. Од тој аспект, флертувањето е здраво и воопшто не треба да се грижите за него. Но, која е подлабоката вистина што се крие зад ова навидум наивно однесување?

Флертот е еден вид на компензација

Партнерите кои се во сериозна врска или брак по некое време не си разменуваат толку многу комплименти како на почетокот. Флертот на работа или на други места може да послужи како компензација за овој недостаток. Нормално е на партнерите да им недостасува безгрижната разиграност што била присутна на почетокот од нивниот однос. Тоа не значи дека тие ќе извршат неверство со личноста со која флертуваат, но може да е показател на тоа дека нешто не е во ред со врската или бракот. Флертот како средство за компензација и бегство од несреќната врска треба да се воочи и да се спречи навреме пред да прерасне во прељуба.

Како да препознаете дали флертот излегол надвор од контрола?

Постои разлика меѓу флертот и освојувањето, но границата меѓу нив е многу тенка и лесно е да се премине. Па, како да препознаете за што точно станува збор? Главното правило е дека за време на флертувањето не треба да постојат необични физички контакти како што се допири со рацете додека, на пример, едниот посегнува по кафе и тоа трае подолго одошто треба или ракување кое се одвива на истиот начин.

Сѐ се сведува на тоа дали вие чувствувате дека има нешто погрешно во односот помеѓу вашиот партнер и некоја друга личност и дали однесувањето е премногу „пријателски“ настроено. Доколку забележите дека вашиот партнер или сопружник многу често флертува со разни личности, но не флертува со вас, не ја игнорирајте ситуацијата, туку разговарајте за проблемот.

Колку порано се справите со тоа, толку поголеми се шансите дека ќе го спречите потенцијалното неверство. Држете ги очите отворени и разговарајте искрено за сето она што ви пречи во вашата врска или брак. Добрата комуникација е темелот врз кој се гради секоја успешна љубовна врска.

Доколку сакате повеќе да се информирате за оваа тема, прочитајте сѐ што треба да знаете за флертувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар