Скриената цена на бесплатните извори за учење

Скриената цена на бесплатните извори за учење

Секој од нас сака да добие нешто бесплатно. Денес имаме пристап до многу информации кои можеме да ги добиеме без да трошиме пари. Ова е навистина одлично, но дали тоа има и свои недостатоци? Што ако бесплатните извори за учење ве спречуваат во обидот да направите вистинска промена во вашиот живот?

Скриената цена на бесплатните извори за учење

Во многу случаи, бесплатните извори навистина можат да го забават вашиот напредок. Во продолжение погледнете која е скриената цена на овие извори и зошто треба да почнете да инвестирате во курсеви, книги и информации што ви се од корист.

1. Потешко е да ги цените бесплатните извори

Навистина е тешко да се одреди вредноста на бесплатните нешта. Можеби на интелектуално ниво разбирате дека она што го користите е вредно, но ќе имате помалку мотивација да го завршите до крај. Нема да чувствувате потреба да го искористите максимално поради тоа што сте го добиле бесплатно. Најчесто ова води до просечни резултати и неспособност да направите промена.

Кога ќе ги вложите парите во квалитетен продукт, ќе го цените многу повеќе отколку бесплатниот. Бесплатните нешта не вклучуваат вложување, па потешко ви е целосно да им се посветите. Иако луѓето често го занемаруваат ова, тоа може да биде главната причина зошто не можат да ги постигнат нивните цели.

Кога ќе донесете одлука да купите нешто, вие му се посветувате и сте истрајни. Исто така овде е и чувството на итност, што е неопходно кога треба да ги остварите вашите соништа.

2. Тешко е да го примените наученото од бесплатните извори

Воглавно, бесплатните информации се без структура, недовршени и со сомнителен квалитет. За да успеете да создадете добар материјал за учење, ќе треба да потрошите многу време во собирање и организирање на информациите од разни извори. Часовите што сте ги поминале правејќи го ова, сте можеле да ги потрошите за нешто попродуктивно.

Покрај тоа, недостатокот од структура ќе ви го отежни апсорбирањето на она што го читате, нема да можете да направите план, ниту да го следите вашиот напредок. Платените продукти нудат јасна структура, која пак води до подобри резултати. Поради ова, многу често инвестицијата самата ќе се исплати.

Исто така, тешко е да им верувате на бесплатните информации. Тие ретко содржат референци, па не знаете дали истражувањата се точни. Доколку не им придавате голема вредност на овие информации, колку всушност можете да извлечете од нив? Поради ова, најдобро е да инвестирате во програма или продукт на којшто ќе можете да му верувате.

3. Бесплатните извори прават да се чувствувате неспособно

Кога не сакате да инвестирате во продукти или курсеви што би ви помогнале да го подобрите квалитетот на вашиот живот, се чувствувате како да не можете да станете подобри или полошо – дека не вреди да се трудите. Успешните луѓе постојано инвестираат во себе. Тие не се плашат да ги потрошат нивните пари на семинари, книги или курсеви.

Инвестирањето во себе е најдоброто нешто што можете да го направите. Па, зошто секој месец да не тргате малку пари настрана кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели? Нема потреба да трошите многу на семинари. Можете да започнете со евтини програми, или да штедите подолго за нешто поскапо. Колку повеќе се цените и инвестирате во себе, толку повеќе ќе извлечете од животот.

Заклучок

Ова не значи дека не треба воопшто да ги користите бесплатните извори. Секогаш е добро да прочитате нешто ново или да изгледате некое едукативно видео. Но кога сакате да направите голема промена во животот, најдобро е да инвестирате, со цел да го извлечете најдоброто.

Доколку сепак не сакате да трошите пари, погледнете некои од најдобрите беплатни извори за учење странски јазици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар