Сите зборуваат за вода со лимон, но што ќе се случи ако почнете да пиете вода со мед?
Топлата вода и медот можат да го намалат заморот и да ја зголемат виталноста на телото. Оваа комбинација е идеална за секој што сака да ги зголеми својата физичка издржливост и нивото на енергија.
За водата нема потреба да се зборува затоа што сите знаат дека треба да внесуваат течности, но медот е полн со хранливи материи и со антиоксиданти и има многу здравствени придобивки за кои многумина не се свесни. Кога ќе ги комбинирате овие две моќни супстанции, можете да го подобрите вашето здравје, но и да спречите разни болести.
Се препорачува да користите природен и непреработен мед затоа што тој содржи повеќе фитонутриенти, антиоксиданти и ензими, така што неговите позитивни ефекти ќе бидат многу поголеми. Еве зошто треба да пиете вода со мед.
Се намалува подуеноста
Ако имате проблеми со подуеност и со гасови, една чаша од овој пијалак ќе ги неутрализира гасовите во цревата и ќе почувствувате олеснување за многу кратко време.
Се зајакнува имунолошкиот систем
Медот е богат со антиоксиданти и содржи антибактериски својства кои помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Ако пиете вода со мед, ќе бидете поотпорни на инфекции предизвикани од микроорганизми како што се бактерии, габи и многубројни вируси.
Токсините ќе исчезнат од телото
Медот и водата се добитна комбинација за да се ослободите од сите штетни акумулирани работи во вашето тело. Кажете им збогум на отровите и поздравете ја детоксикацијата. За подобри резултати, додајте и неколку капки лимон.
Кожата ќе стане поубава
Медот е природен антиоксидант кој ја регенерира и ја храни кожата и таа станува почиста, помека и поубава. Благодарејќи на витаминот Е што го содржи, медот ги спречува штетните ефекти на слободните радикали и има заштитна антиоксидативна улога. Покрај тоа, медот на кожата ѝ дава сјај, еластичност и поголема компактност.
Килограмите ќе се стопат побрзо
Медот содржи шеќер, но сосема поразличен од белиот шеќер. Овој природен шеќер ќе ви помогне да ја убиете желбата за благо. Медот го забрзува метаболизмот, а тоа значи дека ја подобрува циркулацијата и малку ја зголемува температурата на вашето тело, а сето тоа помага да ги согорите маснотиите без многу напор.
Болното грло веќе нема да ве мачи
Постои причина зошто чајот со мед е омилен пијалак за време на студените денови – помага да се намалат болките во грлото и го олеснува голтањето. Медот е природно средство кое го штити респираторниот систем.
Ќе го спречите ризикот од срцеви заболувања
Флавоноидите и антиоксидантите во медот се доста корисни за спречување и намалување на ризикот од срцеви заболувања. Истражувањата покажуваат дека медот го забавува процесот на оксидација на лошиот холестерол во крвта што може да има штетен ефект врз вашето срце.
Прочитајте и за здравствените придобивки од јаболковиот оцет.