Сите се грижат за физичкиот имунитет, а што е со оној што е уште поважен и кој може да ви помогне да се справите со животните кризи?

Сите се грижат за физичкиот имунитет, а што е со оној што е уште поважен и кој може да ви помогне да се справите со животните кризи?

Повеќето луѓе внимаваат на својот физички имунитет за да го подготват организмот за успешна борба против болестите. Но, дали некогаш сте се запрашале дали постои психолошки имунитет? Научниците биле заинтригирани од фактот што некои луѓе растат и живеат во тешки околности и успеваат да останат физички и психички здрави. Тие забележале дека некои тешки животни околности имаат погубно дејство врз некои луѓе, додека другите ги прават уште посилни.

Сите се грижат за физичкиот имунитет, а што е со оној што е уште поважен и кој може да ви помогне да се справите со животните кризи?

Против сите неволји

Еми Вернер, американски научник, прва го употребила терминот психолошка отпорност за да го опише квалитетот што им овозможува на многу млади луѓе да имаат успешен развој, без оглед на тешкотиите со кои се соочуваат. Таа набљудувала приближно 700 деца кои биле изложени на ризик додека растат (беда, растење без родители итн.). Како што растеле овие деца, така станувале сè повеќе слични на своите врсници кои пораснале без ризични фактори. Тие се вработиле, имале стабилни бракови и деца и учествувале во животот во заедницата.

Клучни фактори

Научните истражувања наведуваат шест клучни фактори на психолошкиот имунитет кои им помагаат на луѓето да се справат со животните проблеми. Добрата вест е дека повеќето од овие вештини може да се развијат за да ви помогнат да се справите со животните предизвици.

1. Свесност – разбирам што се случува и што треба да направам

Психолошки отпорните луѓе се свесни за ситуацијата и за своето однесување и разбираат зошто се појавуваат одредени емоции. Останувајќи свесни, психолошки отпорните луѓе може да ја контролираат ситуацијата.

2. Внатрешен локус (место) на контролата – јас сум одговорен за својата среќа или несреќа

Внатрешниот локус на контролата значи дека поединецот си ги припишува причините за настанот себеси, а не на надворешниот сплет на околности.

3. Независност – можам да се потпрам на себе

Целта е личноста да најде поддршка во себе и да верува дека секогаш постои излез и дека има доволно знаење и ресурси за успешно надминување на тешкотиите.

4. Со исполнување на меѓучовечките односи, може да се потпрам и на другите

Пријателите се познаваат во неволја. Во животот ви се потребни луѓе на кои навистина можете да им верувате, кои ќе ги слушаат вашите проблеми и кои ќе ви помогнат да пронајдете нови решенија.

5. Иницијатива – не чекам решение, туку го создавам

Лесно е да се биде жртва, но тоа не е долгорочно решение. Дури и ако вашата иницијатива не успее, ќе се чувствувате многу подобро затоа што се обидовте и затоа што чувствувате дека сте презеле одговорност.

6. Хумор – секоја ситуација станува полесна кога ќе најдам комични елементи во неа

Хуморот е вообичаен начин на соочување со стресните ситуации, така што фокусот на заканата ќе го пренасочите кон нешто што ќе ве насмее. Стратегијата за гледање на ситуацијата преку хумористични очила ќе направи непријатноста да изгледа помалку вознемирувачка.

Станете поотпорни

Физичкиот имунитет се зајакнува со витамини, со редовно спиење и вежбање и со правилна исхрана. Но, можете да го зајакнете и психолошкиот имунитет и да бидете поотпорни на она што ви го носи животот.

1. Зајакнување на сликата за себе

Кризата ве принудува да се борите. За време на борбата сфаќате дека сте посилни отколку што мислите. Додека не почувствувате одредени ситуации, вашата слика за себе се заснова на претпоставки и на искуства од минатото. Кога ќе бидете дел од една таква ситуација, сфаќате дека сте посилни и поотпорни, дека имате поголема поддршка од семејството или од пријателите. Од друга страна, полесно ги прифаќате сопствените ограничувања и ранливоста.

2. Избегнување на постојаното размислување за проблемот

Ако поминуваме премногу време размислувајќи за проблемите, потонувате уште подлабоко во негативните емоции затоа што намерно создавате лошо чувство за себе. Затоа, треба да го свртите вниманието кон нешто друго. Значи, вие треба свесно да управувате со мислите, а не тие да управуваат со вас.

3. Пронајдете луѓе кои се во слична ситуација

Таквите луѓе најдобро ќе ве разберат и ќе имате чувство дека не сте сами. Уште подобро е да најдете личност која веќе поминала низ таква ситуација и може да ви помогне со совети и со своето искуство.

4. Прифаќање на сето она што ви го носи животот

Понекогаш исходот од неизвесната ситуација не е по ваша желба, но подоцна се покажува дека токму тоа било потребно во тој момент. Затоа, треба да се потсетите дека ситуацијата може да се смени во ваша корист, но тоа не е видливо веднаш.

5. Планови за различни исходи

Додека чекате, можете психички да се подготвите за различни опции, односно да имате план за акција за секоја од нив. Ова ќе ви помогне подобро да го прифатите решението за ситуацијата, бидејќи првиот чекор ќе го знаете веднаш.

Прочитајте како да употребувате психичка самоодбрана во секојдневниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Марија Reply

    Многу убаво напишано.
    Браво

Остави коментар