Сите придобивки на циметот: Зошто треба редовно да го користите овој чудесен зачин?

Сите придобивки на циметот: Зошто треба редовно да го користите овој чудесен зачин?

Современите научни истражувања покажаа дека циметот има антиканцерогено дејство и дека користењето на овој зачин е најдобрата превентива за некои видови опасни болести, особено кога е во прашање ракот на дојката, дебелото црево, белите дробови и црниот дроб. Освен во превенцијата, циметот одлично се покажал и во лечењето на овие болести, односно во уништувањето на малигните клетки.

2-site-pridobivki-na-cimetot-zoshto-treba-redovno-da-go-koristite-ovoj-chudesen-zachin-www.kafepauza.mk_

Зошто циметот има антиканцерогени својства?

Циметот содржи голем број супстанци кои делуваат превентивно во однос на појавата на рак. Една од нив е цинамалдехид која е посебно испитана и докажана како ефикасна во третманите кај заболените од рак на белите дробови и дебелото црево. Оваа супстанца дури се покажала и како добар борец против малигните клетки во случај на метастаза на оваа болест, а освен ова соединение, циметот содржи и фенилпропен кој се нарекува еугенол, што покажал позитивни ефекти кај ракот на дојката. Еугенолот е дискутабилна состојка, бидејќи постојат тврдења дека е всушност канцероген од втор степен и дека би требало да го избегнувате (поради пријатниот мирис, се користи во индустријата на прехранбени производи), но некои истражувања докажуваат дека токму оваа состојка во циметот ја инхибира супстанцата сурвивин, која се наоѓа во различните видови клетки кај ракот на дојката (оваа супстанца ги произведува канцерогените клетки, како би опстанале и би се размножувале, односно да се одбраниле од оштетување).

Уште една состојка на циметот, фитоестроген кумарин, докажано го забавува растот на канцерогените клетки кај ракот на дојката и ја неутрализира метастазата. До скоро се верувало дека треба да се избегнува оваа состојка, но во случај на овој облик на канцер, таа е лековита – како во лечењето, така и во превентивата. Фитоестрогените се наоѓаат и во семките од тиква и лен, како и во циметот и тоа се благи (билни) облици на естроген, кои се исклучиво корисни во превенцијата и лечењето пред сѐ, кај ракот на дојката, доста распространетата современа болест кај жените.

1-site-pridobivki-na-cimetot-zoshto-treba-redovno-da-go-koristite-ovoj-chudesen-zachin-www.kafepauza.mk_

Освен тоа, циметот е богат извор на детоксикациони влакна, калциум и манган, а влакната и есенцијалните минерали дополнително ја подобруваат превентивната улога во системот за варење и ја намалуваат опасноста од карцином на дебелото црево.

Старите Египќани и Кинези ја познавале лековитата употреба на кората од циметот, за третирање на бактериските и габични инфекции и воспаленија, а овој зачин се користел и за зачувување на храната.

Покрај скоро магичните превентивни и лековити својства во борбата против најтешките современи болести, пријатниот мирис и вкус на циметот ќе ги збогати вашите топли и ладни напивки, компоти, овошни салати, мусли и останата лесна храна која ја консумирате, бидејќи е здрава и не го оптоварува стомакот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар