Сите предизвици на врската со личност која никогаш не била повредена

Сите предизвици на врската со личност која никогаш не била повредена

Кој не бил повреден, не сакал. Кој не сакал, не можел да биде повреден и затоа имате чест да го внесете тоа искуство во нечиј живот. Можеби и во вашиот. Повредувањето не доаѓа поради тоа што некој сака да повреди, туку поради тоа што неискуството претставува илузија, а илузиите секогаш потклекнуваат пред реалноста на љубовта. Личноста која никогаш не била поредена, сега сака за првпат, наивно како дете кое за првпат оди на забар.

Ако сте во врска со некој кој сака за првпат и мисли дека тоа не е ништо страшно или пак ако вие сте таа личност, еве неколку илузии чие рушење ќе боли, но ќе биде многу корисно на долги стази.

1-site-predizvici-na-vrskata-so-lichnost-koja-nikogash-ne-bila-povredena-www.kafepauza.mk_

1. Тој/таа ќе ве обожава

Убаво е некој да ве обожава, но понекогаш може да биде напорно. Обожавателот ве става на пиедестал, ве прави божество, ги потенцира вашите добри квалитети и атрибути и ви припишува совршенство кое не го поседувате. Честопати имате желба да седнете со обожавателот и да му кажете: „Еј, јас не сум никакво божество, туку човек од крв и месо, грешам намерно и ненамерно, тоа е човечки, а човечкото е доволно добро за мене, зошто не и за тебе?!“

2. Ужасно ќе се разочара

Обожавањето води до разочарување, неизбежно е. Но, личноста без искуство во емотивните интеракции ќе се разочарува за сите ситници. Ќе ја боли што не сте ѝ возвратиле на погледот, сте биле отсутни додека нешто зборувала или не сте оставиле впечаток пред нејзиното друштво. Всушност, секое соочување со слабостите и недостатоците на карактерот, невниманието, нетрпението и одбивањето ужасно ќе ја разочараат. Ќе ги преувеличува ситниците, бидејќи не знае како да ги надмине работите кои вообичаено се појавуваат во врската – за неа ништо не е вообичаено.

3. Сè треба да биде совршено

Бидејќи само што ја „измислиле“ љубовта, во неа нема место за прозаичните работи од кои патат обичните луѓе. Атмосферата, разговорот, музиката, флертувањето, бакнувањето, сè треба да биде совршено – нежно, пријатно, спонтано и волшебно, исто како на филм.

2-site-predizvici-na-vrskata-so-lichnost-koja-nikogash-ne-bila-povredena-www.kafepauza.mk_

4. Се обидува да ве вклопи во неговите/нејзините идеални романси

Ако обожаваната личност не се однесува како што треба, тогаш треба да се подучи. Ова е еден од најопасните проблеми на неискусните обожаватели, кои наместо да учат од реалноста, се обидуваат да ја прекројат. Тие одбиваат да ја запознаат личноста со која имаат романса, всушност личноста ја подредуваат на романсата. Типично за неискусните – потребен е некој за вежба, а за тоа е добар кој било.

5. Се однесува како личност од роман

И тоа не е сосема несвесно. Тоа се облици на однесување кои се чинат дека се на место во одредени ситуации од животот, кои потсетуваат на ситуации од романите. Тоа е прилика да се живее во фантазија и во судир со реалноста да се добијат воспитни шамари кои се неопходни за оној кој никогаш не бил повреден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар