Сите обожаваат масажа на стапала, но дали некогаш сте чуле за рефлексологија?

Сите обожаваат масажа на стапала, но дали некогаш сте чуле за рефлексологија?

По долг ден поминат во одење на тротоар во вашите омилени штикли, дури и вашата душа има потреба од одмор. Но, дали треба да одберете стандардна масажа на стапала или пак, да пробате рефлексологија? Исто така, што е разликата помеѓу овие две нешта?

Сите обожаваат масажа на стапала, но дали некогаш сте чуле за рефлексологија?

Што е рефлексологија?

Рефлексологијата еден вид алтернативна терапија базирана на идејата дека различни точки на стапалата (и рацете) се поврзани со одредени мускули или органи во телото. Обучениот рефлексолог ќе направи притисок на овие точки со цел да ја опушти тензијата, да ја подобри циркулацијата и да го зголеми здравјето во одредени делови од телото. На пример, да кажеме дека сте имале проблеми со ушите – во тој случај рефлексологот ќе се фокусира на вашиот мал прст. Проблеми со срцето? Решението е во центарот на стапалото. За проблеми со грбот, погледнете кон палецот.

Но, дали ова навистина работи?

Па, и да и не. Постојат малку научни докази што ја поддржуваат теоријата дека одредени делови на стапалото може да влијае на одредени делови на телото. Уште потешко е да се разбере идејата дека рефлексологијата може да излечи нешто. Но, исто така постојат и студии што укажуваат на фактот дека овој вид масажа може да биде добра за здравјето така што ќе ве релаксира и ќе ви го намали стресот (што се случува и со другите форми на масажи).

Што можете да очекувате од оваа масажа?

За време на една сесија, вие треба да ги отстраните чевлите и чорапите и или да седнете или да легнете во удобна позиција. За разлика од другите масажи на стапалата, вашиот рефлексолог нема да користи никакви лосиони или масла, туку ќе прави притисок со своите прсти движејќи се низ вашите стапала по одредена мапа. Во зависност од вашата лична толеранција на болка, како и проблемот што сакате да го решите, рефлексологијата понекогаш може и да боли. Но, за повеќето луѓе тоа е пријатно 30 до 60-минутно искуство што целосно ќе ве опушти.

Дали треба да ја пробате?

Не мора да верувате дека рефлексологијата ќе го излечи целото ваше тело за да знаете дека притисокот на одредени точки на вашите стапала може да ви помогне да ги отстраните болките, како и да се чувствувате многу подобро. Па, ако сакате да се почестите, нема што да изгубите ако пробате. Но, внимавајте да го сторите тоа кај професионалец и не одите на сесија без дозвола од доктор ако сте бремени. Исто така можете и самите да си ја направите оваа масажа, бидејќи едноставно не постои подобар начин да се грижите за себе. Дури и да не ги знаете точките на кои треба да нанесувате притисок, обидете се да ги масирате сопствените стапала секојдневно по 10 минути и обидете се да ги пронајдете деловите што ви се напнати за да притиснете на нив и да ги ослободите.

Прочитајте и што ќе се случи доколку секојдневно ги масирате вашите стапала!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар