Сите ќе ви го бараат рецептот: Чизкејк со карамела и лешници
Лешниците и карамелата даваат совршен вкус.
Потребни состојки:
За кората:
- 250 грама мелени бисквити
- 100 грама мелени печени лешници
- 2 лажици шеќер во прав
- 125 грама путер
- 150 мл млеко
За филот:
- 500 грама сирење маскарпоне (може да се користи и друго несолено крем сирење)
- 50 грама шеќер во прав
- 1 лажица арома на ванила
- 250 мл слатка павлака
- 2 ќесички крем фикс
За преливот од карамела:
- 200 грама бонбони од карамела и лешник
- 50 мл слатка павлака
- парчиња лешници за декорирање
Начин на подготовка:
1. За да ја направите кората, измешајте ги сите состојки, потоа ставете ја смесата во калап со дијаметар од 20 до 24 см и ставете го во фрижидер.
2. За филот, изматете ги кратко со миксер сирењето маскарпоне, шеќерот во прав и ванилата.
3. Во друг сад изматете ја слатката павлака со крем фиксот додека не биде полуизматена, па додајте ја во маскарпонето и убаво изматете сè. Нанесете го филот на кората и вратете ја во фрижидер. Тортата треба да се лади најмалку 3 часа.
4. За преливот, растопете ги бонбоните од карамела, а потоа додајте ја слатката павлака, загрејте уште неколку секунди, па мешајте додека не се соединат состојките. Преливот треба да се лади на собна температура (најдобро е преку ноќ) за да го прелиете врз колачот и карамелата да остане течна, а тортата да биде убава и вкусна. На крајот, извадете ја тортата од калапот и прелијте со преливот и декорирајте со парчиња лешници одозгора.
Погледнете го најбрзиот рецепт за сочен колач со чоколадо и путер од кикиритки.