Сингл девојките не се во љубовна врска бидејќи самите го одбрале тоа

Сингл девојките не се во љубовна врска бидејќи самите го одбрале тоа

Ако сте веќе подолго време сингл, тоа е така веројатно затоа што не сте се фокусирале доволно на вашиот љубовен живот. Љубовта не ви е приоритет и пред неа ги ставате работата, хобито и пријателите, најмногу затоа што така повеќе ви одговара.

Сингл девојките се сами затоа што така одбрале да биде

Љубовните врски одземаат многу време и честопати го окупираат целиот наш живот. Токму затоа вие сте среќни што имате толку многу време за себе и што можете да го поминувате како сакате. Но, одвреме-навреме знае да ве удри по некој бран на осаменост и сфаќате колку долго не сте отишле на љубовен состанок.

Не ги ни отворате пораките на Фејсбук, а единствениот маж кој ви ѕвони на телефон е вашиот татко. Но, пред да му дадете значење на ова тажно чувство повеќе одошто треба, запаметете го следново: Вие можете да излезете на љубовен состанок уште вечерва, ако навистина сакате.

Клучниот збор тука е „сакате“. Она што не сакаме да го признаеме во врска со љубовните состаноци е тоа што понекогаш се работи само за бројки. Треба да зборувате со 100 момци, да излезете со 50 за да најдете 10 што ќе ви се допаѓаат, од кои само двајца ќе ви се јават. Колку поголема мрежа фрлите, толку повеќе риби ќе фатите.

Ќе има моменти во вашиот сингл живот кога ќе сакате да одите на „рибарење“ и тоа ќе ви се чини како забавен начин да го поминете викендот, но ќе има и периоди кога попрво би скокнале од осми кат отколку да излезете со некој.

И двата случаи се сосема во ред, сѐ додека не заборавате дека контролата е во ваши раце. Зар не е тоа најдобрата работа кога сте сингл?

Можете да бидете сѐ што ќе посакате и да се гледате со кого сакате. Доколку навистина решите дека сакате да бидете во врска, ќе можете да го направите тоа уште веднаш. Но, сѐ додека не сте навистина подготвени да го посветите поголемиот дел од вашето време на некој друг, уживајте во деновите што ги имате само за себе и искористете ги како што ќе посакате!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар