Синдром „бивш“: 5 знаци дека сте опседнати со претходната врска

Синдром „бивш“: 5 знаци дека сте опседнати со претходната врска

Ситуацијата кога двајцата партнери ќе одлучат дека е подобро да се разделат и секој да продолжи со сопствениот живот е многу ретка. Најчесто, едната личност продолжува по својот пат, а другата… другата продолжува по истиот тој пат. Иако можеби не сакате да си признаете себеси или на своите пријателки, следниве знаци откриваат дека патите од синдромот „бивш“.

1-sindrom-bivsh-5-znaci-deka-si-opsednata-so-prethodnata-vrska-www.kafepauza.mk_

1. Го проверувате неговиот Фејсбук профил

Како ги отворате очите, така го отворате и неговиот профил и проверувате кој му го лајкнал новиот статус, а кој новата фотографија. Во оној момент кога вашата врска се прекинала, треба да престане и вашата опсесија, бидејќи на овој начин нема ништо да постигнете, освен што само ќе се изнервирате.

2. Им се јавувате на неговите пријатели

Вие се дружевте супер, па зошто и понатаму не би оделе во кино и би зборувале за поминатото време? Неговите другари можеби биле и ваши додека сте биле заедно, но не може да очекувате дека неговиот најдобар пријател ќе застане на ваша страна.

3. Размислувате „за вас“

Сè уште мислите за себе и него во множина, бидејќи сè уште планирате работи кои очигледно нема да ги направите, но некако тоа ви е природно… тој сигурно тоа не го прави, а не би требало ни вие.

2-sindrom-bivsh-5-znaci-deka-si-opsednata-so-prethodnata-vrska-www.kafepauza.mk_

4. Се обидувате да го сретнете

Со оглед на тоа дека знаете каде тој излегува и наместо да ги избегнувате тие места додека не го преболите, вие баш намерно одите таму. Со тоа сигурно нема да го вратите, туку само ќе го подигнете неговото его.

5. Ја слушате „неговата“ музика

Сè што тој сакал, во сè што уживал, сè што не ви се допаѓало, сега чувствувате дека само тоа ви е блиску? Ако тоа е единствениот начин да сте во близина, тогаш можеби не ви е судено да бидете блиски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар