Силните жени попрво би биле сами наместо со погрешен партнер

Силните жени попрво би биле сами наместо со погрешен партнер

На силните жени не им е страв да бидат сами. Немаат потреба од момче за да бидат среќни и да најдат мир во животот. Иако ова звучи лесно и едноставно, оваа карактеристика е многу ретка. Најмногу е поврзана со слободата отколку со што било друго.

Силните жени порадо би биле сами наместо со погрешен партнер

Кога состанувањето станува селективно, станува и позначајно и повредно. Истовремено, но и иронично, повреден и позначаен станува периодот кога не се состанувате. Придобивките од независноста не можат целосно да се објаснат со зборови.

Многу е полесно да сакате да бидете силна жена или да размислувате за тоа, наместо навистина да бидете една од нив. Силните жени мора да можат да сфатат кога некој се обидува да ги измами на некој начин. Мора да бидат свесни за она што го зборуваат луѓето околу нив, особено кога станува збор за почит, добрина и искреност.

Сепак, делата секогаш зборуваат повеќе од зборовите, а зборовите без дела не кажуваат ништо. Важно е да запомните дека не му правите никаква услуга на партнерот ако останете во нездрава врска и се надевате дека нештата ќе се подобрат. На долгорочен план, само сте го одложувале неизбежното. Сте ја одложувале вистинската среќа и мир и за двајцата.

Вие, како и секој друг ги заслужувате вашите љубов и внимание. Зошто да не потрошите што е можно повеќе време и енергија за нешто или некој кој навистина ќе ја цени вашата љубов и вашиот дух? Зошто да не ги посветите времето и енергија за да го најдете совршениот партнер или да најдете поголема среќа сами? Нема ништо лошо во тоа да бидете отворени за нови врски, но и да бидете задоволни што сте сингл. Речиси сè поврзано со оваа идеологија или филозофија е исправно.

Токму поради ова силните жени не трошат време на погрешен партнер, не повеќе од потребното. Силните жени знаат дека е многу подобро да бидат сами наместо во токсична и нездрава врска. Уште поважно, тие знаат дека тоа што се сами не значи дека се осамени.

Често во животот се помируваме и задоволуваме со многу помалку од она што го заслужуваме. Нема ништо лошо во тоа да ги следите вашите соништа. Бидете личноста којашто сакате да бидете и не дозволувајте никому да ви го контролира животот.

Сепак и силните жени се само луѓе и прават грешки. Дали знаете зошто понекогаш остануваат во лоши љубовни врски?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар