Силните жени никогаш не ја забораваат својата вредност, дури ни кога се осамени
Да се биде сингл е едно ослободително искуство исполнето со авантура, себеоткривање и понекогаш моменти поминати во самотија. Независно колку песни за независност и внатрешна сила ќе слушнете или колку книги за самопомош ќе прочитате, сепак нема да можете да го избегнете оној познат „сите имаат некој освен јас“ процес.
Но, тоа е само една мала пречка на вашиот пат кон љубовта и треба да се третира како таква. Понекогаш, овие моменти на осаменост можат да бидат депресивни и да станат многу поголеми отколку што се. Ако не сте внимателни, ќе помислите дека сте осамени бидејќи нешто не е во ред со вас и ќе донесете некои лоши одлуки кога станува збор за љубовта. Доколку се чувствувате како никој да не ве забележува, тогаш дури и најмалото внимание ќе го ставите на пиедестал и вашата несигурност ќе ја засени вашата пресуда.
Не дозволувајте моментите на осаменост да ве натераат да ја заборавите својата вредност и зошто не треба да почнувате врска само за да кажете дека сте во врска. Да имате потреба од човечки контакт е нормално. Почекајте ја вистинската личност која ќе ја заслужи вашата љубов и додека чекате, опкружете со вашите најдобри пријатели и позитивните луѓе. Потсетете се дека сте силни и дека можете да ги преброите сите чувства.
Секоја личност во која ќе се вљубите треба да поработи на почитта, довербата и комуникацијата пред да си обезбеди место во вашето срце, а истото треба да го сторите и вие за неа. Да се биде нечиј партнер е нешто што се заслужува, а не нешто што е предодредело или вродено. И немојте да го заборавате тоа.