Силните жени не остануваат со мажи кои ги кочат во животот
Љубовните врски би требало да нѐ прават среќни, задоволни и исполнети, но и да го извлекуваат најдоброто од нас. Ако врската не ве прави подобри личности, веројатно не се работи за вистинска љубов. Луѓето со кои ќе одберете да го поминувате времето во одреден период од животот може да имаат големо влијание на тоа колку ќе станете успешни.
Можеби сите ваши поранешни партнери биле добри момци кои ви посветувале внимание, меѓутоа ако немале амбиција и деновите ги поминувале во гледање телевизија и дремење дома, веројатноста е дека и вие сте го правеле истото.
За среќа, една од предностите да се биде сингл е тоа што нема да можете да се вратите во вашата удобна зона кога ќе сакате, бидејќи нема да ја имате онаа личност која ве сака токму онакви какви што сте и ве уверува дека не треба да промените ништо кај себе.
Колку и да е убаво тоа чувство, не е многу корисно ако сакате да ги постигнете вашите цели. Партнерите кои најмногу си одговараат се оние кои ги сакаат истите работи од животот. Ако за вас и вашиот партнер претставува успех тоа да ги задржите работите онакви какви што се, затоа што сте сосема задоволни од животот, тогаш супер за вас. Не е добро ниту да останете во врска со некој кој постојано ве форсира да одите напред, ако вам не ви е потребно тоа.
Меѓутоа, ако имате многу идеи и цели што сакате да ги остварите, тогаш треба да најдете некој кој е на исто ниво. Љубовта треба да го извлекува најдоброто од вас. Можеби ви треба поддршка за вашите луди бизнис идеи или некој кој ќе ве охрабри да ја напуштите работата и заедно да отидете на пат околу светот. Секој има различни желби и потреби.
Љубовта не треба да прави да се чувствувате лошо поради работите што ги сакате. Не треба да прави да се чувствувате виновни поради тоа што работите по цели денови или да ве обвинува дека не размислувате разумно кога фантазирате за нови и интересни авантури.
Љубовта треба да ве надополнува, а не да се обидува да ве смени. Ако вашиот партнер постојано го доведува до прашање тоа кои сте и кои се вашите цели, тогаш можеби треба добро да размислите дали сакате да останете во таква врска.
Вам ви треба личност која ќе ве држи за рака додека заедно скокате од високата карпа, а не која ќе ве спречи да се приближите до работ. Барајте љубов во врска која ќе подразбира тимска работа и ќе се состои од двајца партнери кои се стремат кон слична животна цел.
Смислата на секоја љубовна врска е да станувате подобри и поуспешни заедно, како тим, како сојузници кои кога ќе ги здружат силите се непобедливи и ништо не може да им застане на патот.