Силните жени не дозволуваат љубовната врска да им го уништи пријателството

Силните жени не дозволуваат љубовната врска да им го уништи пријателството

Вие и вашата пријателка сте неразделни. Излегувате заедно, се забавувате, имате свои омилени активности и начин на комуницирање кој само вие го разбирате. Заедно ги споделувате сите моменти од животот. Но, одеднаш, таа исчезнува. Причината за ова е што запознала ново момче. Од тогаш ќе се случи да излезете заедно неколку пати, но сѐ останува на тоа. Вашите вечерни излегувања стануваат минато, а и сѐ помалку разговарате.

Силните жени не дозволуваат љубовната врска да им го уништи пријателството

Она што го гледате се само нивните заеднички слики и статуси на Фејсбук. Сепак, добро е што е активна на социјалните мрежи, зашто во спротивно би помислиле дека е мртва. Таа е со слаб карактер зашто дозволува да биде опседната само со новата врска. Сѐ почесто ги заборава своите пријатели, одвреме-навреме комуницирајќи само преку Фејсбук, зашто во реалниот живот нема време за да ги види.

Силните жени не го посветуваат целото свое внимание на едно момче. Тоа е затоа што тие знаат кои се и веруваат во себе, па не се менуваат според оној со кој се во врска. Тие имаат работи што ги сакаат и што не ги сакаат, а својот вкус не го формираат врз основа на другите. Девојките кои дозволуваат да бидат водени од другите, ги прилагодуваат своите желби според нивното момче. Тој сака патувања? Тие веднаш ги обожаваат. Сака да чита книги? Ова веднаш е нивната омилена активност.

Но, силните жени не го менуваат својот идентитет. Тие наоѓаат време за себе и не ја поминуваат секоја ноќ кај него, чекајќи да започнат да живеат заедно. Овие жени сакаат да излегуваат со своите пријатели и тоа им дава енергија, а притоа го одржува и нивното пријателство. На него пак не му пречи кога таа излегува сама, затоа што ѝ верува. Слободата е особено важна за да се изгради цврста и стабилна врска. Силната жена нема да остане со момче кое не може да го почитува нејзиниот карактер.

Сето ова се сведува на едно: Силната жена го живее својот живот. Излегува со пријателите, ги почитува своите интереси и го задржува своето мислење додека е во љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар