Силните личности не се плашат од својата слабост
Да бидете силни не е титула, тоа е начин на живот. Тоа е бројот на удари кои успешно сте ги примиле, како и мерило за тоа колку пати повторно сте застанале на нозе. Силата не се мери со физички показатели. Маже да се одреди со тоа колку пати сте се издигнале од дното, а притоа не сте го изгубиле достоинството.
Силните луѓе не се плашат од своите слабости бидејќи ги прифаќаат и никогаш не стануваат нивни робови. Нив не им е страв од грешка бидејќи преземаат одговорност за своите постапки и почнуваат од почеток, одново и одново.
Силните луѓе не губат вера бидејќи знаат да се заблагодарат за оние искуства кои им оставиле рана на душата. И тие плачат, доживуваат порази, разочарувања и очај. Но, никогаш не се предаваат.
Силните луѓе веруваат во љубов бидејќи знаат дека таа спасува кога животот нема смисла. Бескрајната моќ на силата може да се спознае само преку љубовта.
Не е точно дека силен дух имаат само оние кои успеале да ги победат своите чувства и живеат само со разумот. Вистински силен е оној кој научил да живее со срцето, притоа не престанувајќи да го слуша својот разум.
Некој можеби смета дека оваа рамнотежа е премногу идеална за да биде реална. Можеби навистина е така. А можеби не сте се запознале доволно за да бидете сигурни во силата на вашата љубов. И ако ги имате овие карактеристики, вие без сомнение сте ментално силна личност!