Силните девојки никогаш не ги чекаат момците кои не можат да донесат одлука
Станува збор за многу едноставна одлука: Или сака да биде со вас или не сака. Не постои сива зона. Ако тој ви каже дека не е сигурен дали сака да биде со вас и му треба време да размисли, време е да се соочите со вистината: Тој не е заинтересиран за вас.
Не смеете да му дозволите да си игра со вас. Тој веќе знае дали сака да има нешто сериозно меѓу вас двајца или не. Не постои апсолутно никаква причина поради која би му дозволиле да ве завлекува. Навистина вредите многу повеќе од тоа!
Момците кои бараат од вас да почекате и да им дадете време да одлучат дали сте еден за друг, секогаш ќе се сомневаат во нивната одлука и никогаш нема да бидат 100% сигурни во врската која би ја изградиле подоцна. Не само што тој секогаш ќе се прашува дали го направил вистинскиот избор, туку и ќе ја извлече онаа луда верзија од вас која постојано ќе се прашува дали тој можеби мисли дека не ја донел правилната одлука. Тоа не е здраво за ниту еден од вас двајца.
Нормално дека во сите љубовни врски се случуваат непредвидени работи поради кои не се знае дали врската ќе успее или не. Промена на кариера, социјални разлики, различни начини на живот и други слични проблеми можат да ја нарушат хармонијата во врската. Меѓутоа, во случај на такви пречки, никогаш не би требало само еден од вас да одлучува дали вреди да продолжите заедно или не.
Ако тој упорно инсистира дека одлуката на некој начин зависи од него и бара време за да размисли, тоа е знак на предупредување што никако не смеете да го занемарите. Тоа е знак дека тој со едната нога веќе е надвор од врската.
Отворете му ја вратата и пуштете го да си оди. Тоа не е човекот која ќе биде тука за вас во сите неизбежни животни потешкотии. Најдете некој кој ќе сака да биде со вас без оглед на сѐ. Ќе го најдете партнерот кој ќе ве става на прво место, само тогаш кога ќе се ослободите од момците кои ве сметаат за опција.